![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/2b/Voyage_dans_la_lune_title_card.png/640px-Voyage_dans_la_lune_title_card.png&w=640&q=50)
Патување до Месечината (филм од 1902)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Патување до Месечината (француски: Le voyage dans la lune) - француски филм од 1902 година, во режија на Жорж Мелјес. Овдаховен од повеќе разни извори, вклучувајќи го романите „Од Земјата до Месечината“ и „Околу Месечината“ на Жил Верн, филмот прикажува една група на астрономи кои патуваат до Месечината во топовско-придвижена капсула, ја истражуваат површината на Месечината, бегаат од подземна група на Селенити (месечевите жители), и се враќаат на Земјата со еден заробен Селенит. Филмот прикажува ансамблен состав на глумци на француски театарски изведувачи, предводени од самиот Мелјес во главната улога на Професор Барбенфуиљи, и е снимен во изобилен театарски стил поради што Мелјес станал познат.
„Патување до Месечината“ „Le voyage dans la lune“ | |
---|---|
![]() Насловна картичка | |
Режисер | Жорж Мелјес |
Продуцент | Жорж Мелјес |
Сценарист | Жорж Мелјес |
Главни улоги |
|
Кинематографија |
|
Студио | Star Film Company |
Премиера | 1 септември 1902 (1902-09-01) |
Времетраење | |
Земја | Франција |
Јазик | нема |
Буџет | 10,000 ₣ |
Филмот бил меѓународно познат успех на неговото објавување, и бил опширно пиратиран од останатите студија, особено во Соединетите Држави. Неговата невообичаена должина, раскошните продукциски вредности, иновативните посебни ефекти, и нагласокот на раскажувањето биле значително влијателни на останатите филмаџии и после сè на развојот на наративниот филм како целина.
„Патување до Месечината“ бил именуван за еден од 100те најдобри филмови на 20 век од страна на „The Village Voice“, рангиран како 84ти.[3] Филмот останува како најпознат од стотиците филмови направени од Мелјес, и моментот во кој капсулата слетува на окото на Месечината останува еден од најиконските и постојано наведени слики во историјата на киното. Тој е широко сметан како најраниот пример на жанрот научна фантастика и, поопшто, како еден од највлијателните филмови во историјата на киното.