From Wikipedia, the free encyclopedia
Паркот Вивенхо — слика на англиска градина, инспирирана од имотот на семејството Ребоу, од англискиот романтичен сликар, Џон Констабл (1776–1837).[1][2]
Творец | Џон Констабл |
---|---|
Година | 1816 |
Димензии | 56.1 см × 101.2 см |
Место | Национална галерија на уметност, Вашингтон, САД |
Џон Констабл бил роден во Сафолк и бил познат првенствено по неговите пејзажни слики, особено пејзажите на селата каде што го поминал своето детство. Неговите слики денес се сметаат за едни од најпопуларните и највредните во британската уметност.[3][4]
Националната галерија на уметност во Вашингтон ја чува оваа слика:[3]
Пријатното чувство на леснотија и хармонија го проникнува овој пејзаж со речиси фотографска јасност. Големите површини со сонцето и студената сенка, раздвижената линија на оградата и прекрасната рамнотежа на дрвјата, ливадата и реката се доказ за креативната синтеза на уметникот на вистинското место.
Сликата е нарачана од сопственикот на паркот Вивенхо, генерал-мајорот Френсис Слејтер Ребоу, кој бил меѓу првите покровители на уметникот, како близок пријател на таткото на уметникот, Голдинг Констабл. Паркот Вивенхо е со повшина од 81 хектари на паркови, купени од семејството Ребоу пред 1734 година.[5][6] Слејтер Ребоу нарачал неколку слики од Констабл, вклучително и портрет на седумгодишната ќерка на генералот во 1812 година. Таа фигурира и на оваа слика, во количка со магарето лево. Оваа слика била завршена во септември 1816 година, која му заработила на уметникот доволно пари за да му овозможи да се ожени со својата долгогодишна љубов, Мери Бикнел. Тие се венчале во октомври 1816 година.[3][7] Уметноста на Констабл секогаш била проникната од копнеж, меланхолија и копнеж за едноставен, природен живот, за пасторална идила, до селските рурални теми и аспекти од животот на село, „златно доба“ кога луѓето живееле заедно во хармонија со природата, свет кој бил на пат да исчезне кога тој ги насликал своите пејзажи благодарение на почетокот на Индустриската револуција. Тој бил свесен за проблемот со урбаниот раст, за непријатноста на урбаниот живот, што го спротивставила на животот во село. Уметноста на Констабл била прилично неконвенционална за неговото време, и тој сакал едноставни работи, природен пејзаж без урнатини, драматични ефекти или возвишени, често прекумерни чувства, како оние прикажани во сликите на неговиот современик, Џ.М.В. Тарнер. Неговите пејзажи се преплавени од сребрена сјајна светлина во водата и воздухот и на небото, а се карактеризираат со посебен интензитет што е толку важна карактеристика на делата на овој уметник.[8] Додека неговите претходни слики (на пр. Малверн Хол, 1809) имаат тенденција да покажуваат поедноставни и симетрични карактеристики, оваа слика го покажува свртувањето на Констабл кон пософистицирани и комплицирани композиции.[9]
Парк Вивенхо | |
Constable A Country Rebel Документарен филм на Би-Би-Си |
Beckett, Wendy (1994), The Story of Painting, The Essential Guide to the History of Western Art, Dorling Kidersley, ISBN 978-0751301335
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.