Парк Буда
From Wikipedia, the free encyclopedia
17.91229° СГШ; 102.765397° ИГД / 17.91229; 102.765397
Паркот Буда, или познат и како Сјенг Куан („град на духови“) е градина со скулптури која се наоѓа на 25 километри југоисточно од Виентијан во Лаос. Паркот бил изграден на ливада покрај реката Меконг.[1][2] Иако не се смета за храм, често се именува како храм („ват“) поради бројните скулптури со религиозни мотиви.[3] Самиот парк има над 200 хиндуистички и будистички статуи.[4] Владата го управува паркот како туристичка атракција и јавен парк.[3]