Париз
главен град на Франција / From Wikipedia, the free encyclopedia
Париз (француски: Paris) е главен град на Франција, а воедно претставува и административен, политички, стопански, културен и образовно-научен центар на таа земја. Градот лежи на бреговите на реката Сена во северниот дел на Франција, во регионот Ил де Франс т.е. парискиот регион.
- Оваа статија е за главниот град на Франција. За други значења видете Париз (појаснување).
Париз Paris | |||
---|---|---|---|
Надесно: Пирамида пред Лувр, Триумфалната порта, Дефанс, панорама на Париз на реката Сена и Ајфеловата кула - сликите водат кон соодветни статии | |||
Гесло: Fluctuat nec mergitur (латински: „Брануван од брановите, но не потонува“) | |||
Местоположба во регионот Ил-де-Франс [[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Île-de-France" does not exist|270px|Париз во рамките на Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Île-de-France" does not exist]]
Париз | |||
Координати: 48°51′24″N 2°21′03″E | |||
Земја | Франција | ||
Регион | Ил де Франс | ||
Департман | Париз | ||
Единици | 20 арондисмани | ||
Управа | |||
• Градоначалник (2008–14) | Бертран Делано (PS) | ||
Површина1 [1] | 105,4 км2 (407 ми2) | ||
• Градска (2010) | 2.844,8 км2 (10,984 ми2) | ||
• Метро (2010) | 17.174,4 км2 (66,311 ми2) | ||
Население (2010[2])2 | 2.243.833 | ||
• Ранг | 1. во Франција | ||
• Густина | 2,100/км2 (5,500/ми2) | ||
• Градскo (Јан. 2009) | 10,413,386[3] | ||
• Метро (Јан. 2009) | 12,161,542[4][5] | ||
Час. појас | CET (UTC +1) | ||
INSEE/Пошт. бр. | 75056 / 75001-75020, 75116 | ||
Мреж. место | www.paris.fr | ||
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Големината на градското подрачје е ограничено уште во 1860 година и поради тоа Париз е со константен број на население од околу 2.200.000 жители. Меѓутоа во поширокото градско урбано опкружување, живеат над 12 милиони жители и со тоа овој регион е еден од најнаселените региони во Европа, по регионите околу Москва и Лондон.
Париз веќе неколку столетија наназад има значење за економијата, културата, политиката, образованието, уметноста и науката во светот. Во најново време Париз е и седиште на високата мода, модните брендови, како и луксузот и естетиката на живеењето.
Според податоците од 2005 година,[6][7] Париз од градовите во Европа е со најразвинена економија и највисок БДП. Париз и парискиот регион со 534 милијарди € (2007) учествува со четвртина од вкупниот БДП на Франција. Во Париз се сместени и работат 37 од 500-те најголеми компании во светот според списокот Fortune Global 500.
Во Париз се сместени и многу меѓународни организации како УНЕСКО, Организацијата за економска соработка и развој (OECD), Меѓународната комора за трговија (ICC), како и неформалниот Париски клуб, додека пак во еден период тука било сместено и седиштето на НАТО.
Со годишна бројка од над 45 милиони туристи Париз е најпосетуваниот град во светот, како резултат на многубројните културни, историски и уметнички знаменитости, како и поради парковите и други атракции во градот. Поради тој факт Париз се нарекува и град на светлината или најромантичниот град во светот.