Паланка
населено место поголемо од село, но помало од град / From Wikipedia, the free encyclopedia
Паланка, или гратче или касаба, е човечка населба. Паланките се главно поголеми од селата и помали од градовите, иако критериумите за разликување значително се разликуваат во различни делови на светот.
Поимот „паланка“ во Македонија, како и општо на Балканот, ретко е користен и не се прави разлика помеѓу паланка (мал град) и класичен (голем) град. Причината за ова е општествениот развиток на населените места во Балканот кои биле претежно рурални односно селски, и не била правена разлика помеѓу поголемите и помалите населени места од градски вид.