From Wikipedia, the free encyclopedia
Универзитетот во Падова ( италијански: Università degli Studi di Padova, UNIPD) е еден од најстарите универзитети во Европа и Италија, отворен во Падова во 1222 година од група студенти и наставници од Болоња.[1] Во периодот од XV до XVIII век бил главен образовен центар на Венецијанската Република. Во 2010 година, универзитетот имал приближно 65.000 студенти.[2] Во 2021 година институтот Цензис го рангирал на второ место во категоријата „најдобар универзитет“ меѓу италијанските високообразовни институции со преку 40.000 студенти,[3] а на Шангајската листа е меѓу најдобрите 200 универзитети во светот.[4]
Università di Padova | |
Податотека:University of Padua seal.svg | |
латински: Universitas Studii Paduani | |
Гесло | Universa Universis Patavina Libertas (Латински) |
---|---|
На македонски | Слободата на Падова е универзална за сите |
Вид | Јавен |
Основан | 1222 |
Ректор | Даниела Мапели |
Студенти | 59,317 |
Додипломци | 38,495 |
Постдипломци | 20,822 |
Место | Падова, Италија |
Кампус | Урбан (Универзитетски град) |
Спортски тимови | |
Бои | Падовско црвено |
unipd.it/en |
Универзитетот бил основан во 1222 година од наставници и студенти кои го напуштиле Болоњскиот универзитет во потрага по поголема академска слобода („Libertas scholastica“). Првите изучувани области биле правото и теологијата. Наставната програма брзо се проширила и во 1399 година институцијата била поделена на: Правен универзитет (Universitas Iuristarum) каде што се изучувале граѓанско и канонско право и Природонаучен универзитет (Universitas Artistarum) каде се предавало астрономија, дијалектика, филозофија, граматика, медицина и реторика. Имало и Теолошки универзитет (Universitas Theologorum), основан во 1373 година од Урбан V.
Универзитетот во Падова станал еден од центрите на науката (астрономија, медицина, право) за време на ренесансата, бил спонзориран од Венецијанската Република која му обезбедила независност од схоластичката догма и од влијанијата од Рим. Овде студирале или работеле познати личности од времето на ренесансата и на раниот нов век како Пико дела Мирандола, Никола Кузански, Коперник, еден од основачите на италијанскиот литературен јазик Пјетро Бембо, Торквато Тасо, Галилео, Везалиус, првиот белоруски печатар Франциск Скарина.
На 25 јуни 1678 година, Елена Лукреција Корнаро Пископија, венецијанска благородничка и математичар, станала прва жена во светот која се стекнала со звањето доктор по филозофија. Во меѓувреме, универзитетот го усвоил мотото: „Слободата на Падова е универзална за сите “ (Universa universis patavina libertas).
Сепак, универзитетот имал турбулентна историја и немало настава во 1237–61, 1509–17, 1848–50.
Ботаничката градина во Падова, основана од Универзитетот во 1545 година, е една од најстарите градини од ваков вид во светот. Постара од неа само онаа која Медичи ја создале во Пиза во 1544 година. Покрај градината, универзитетот има и девет музеи, меѓу кои и музејот за историја на физиката.
Од 1595 година, познатиот анатомски театар во Падова привлекува уметници и научници кои го проучуваат човечкото тело за време на јавните сецирања. Тоа е најстари преживеан постојан анатомски театар во Европа.
Универзитетот станал еден од универзитетите на Кралството Италија во 1873 година, и оттогаш е еден од најпрестижните во земјата поради неговиот придонес во науката и научните истражувања.
Со неодамнешните промени во италијанското законодавство на италијанските универзитети им се дало поголема автономија, а во 1995 година Падовскиот универзитет усвоил нов статут со кој добива поголема независност.
Универзитетот е постојано рангиран меѓу најдобрите италијански универзитети. „Тајмс“ во 2020 година го рангирал универзитетот на четвртото место во Италија.[5]
На меѓународно ниво, за 2020 година Тајмс го рангирал универзитетот од 201 до 250 место.[5] Во 2019 на Шангајската листа универзитетот се наоѓа од 201 до 300 место во светот.[6]
Познати личности кои го посетувале Падовскиот универзитет се:[8]
Универзитетот во Падова нуди широк спектар на дипломи, организирани од одделенија:
Одделенијата се здружени во ограничен број училишта:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.