Ошо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ошо ( 11 декември, 1931 – 19 јануари, 1990), роден како Шандра Мохан Џаин и исто така познат како Ахариа Раџниш од 1960тите наваму, како Багван Шри Раџниш за време на 1970тите и 1980тите и како Ошо од 1989, е индиски мистик, гуру и духовен учител кој се здоби со следбеници од цел свет. Бил професор по филозофија, кој патувал низ Индија во 1960-тите како јавен говорник. Махатма Ганди и институционализираните религии ги нарекуваат контроверзни неговите отворени критики кон социјализмот. Тој исто така имал полиберални ставови за сексуалноста, поради кои го добива прекарот „секс гуру“ во Индискиот, а подоцна и во меѓународниот печат. Во 1970, Ошо се населил во Бомбај на некое време. Тој почнал да иницира следбеници (познати како нео-саниаси) и ја презема улогата на духовен учител. Во неговите говори толкува текстови на религиски традиции, мистици и филозофи од целиот свет. Со преселувањето во Пуна во 1974, тој основа ашрам што привлекол огромен број на луѓе од Запад. Ашрамот, за посетителите од Запад, нудел терапии кои произлегувале од Движењето за човечки потенцијал и се прославил во Индија и преку нејзините граници, главно поради слободоумноста и провокативните предавања на Ошо. До крајот на 1970-тите тензиите со Индиската влада и околните општествени групи пораснале. Во 1981, Ошо се преселил во САД и неговите следбеници основале комуна, подоцна позната како Раџнишпурам, во Орегон. За една година водството на комуната влегува во конфликт со месните жители, примарно заради употреба на земјиште, кое е обележано со непријателство од двете страни. Огромната колекција на Ролс-Ројс автомобили нарачувани од неговите следбеници за тој да ги употребува, исто така е причина за озлогласеност. Комуната во Орегон пропаѓа во 1985 кога Ошо открива дека нејзиното водство има извршено бројни сериозни криминални дела, вклучувајќи и напад со биолошко оружје (труење со храна) на жителите на Делс. Тој е уапсен кратко потоа и обвинет за имиграциони прекршоци. Ошо е депортиран од Соединетите Американски Држави врз основа на спогодба со тужениот (plea bargain). Забранет му е влез во 21 земја, што предизвикува тој да го пропатува светот за да се врати во Пуна, каде што умира во 1990. Неговиот ашрам денес е познат како Меѓународно одморалиште за медитација на Ошо. Неговите синкретички техники ја нагласуваат важноста на медитацијата, свесноста, љубовта, славата, храброста, креативноста и хуморот – квалитети кои тој ги гледа како потиснати заради придржување скон статичните системи на верувања, религиски традиции и социјализација. Техниките на Ошо имаат значително влијание врз мислителите на новото време и нивната популарност порасна забележително по неговата смрт.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Ошо | |
---|---|
Роден(а) | Шандра Мохан Џаин 12 ноември 1931(1931-11-12) Село Кушвада, Барели Техзил, област Раизен Кнежевство Бопал, Британска Индија (денес Мадја Прадеж, Индија) |
Починал(а) | 19 јануари 1990(1990-01-19) (возр. 58) Пуна, Махараштра, Индија |
Националност | Индиска |
Образование | Универзитет Д-р Хари Синг Гур |
Познат(а) по | Спиритуалност |
Значајни дела | Повеќе од 600 книги, неколку илјади аудио и видео расправи |
Правец | Џиван Џагрути Андолан; Нео-санијанси |