Ото Лилиентал
германски воздухопловен пионер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ото Лилиентал (германски: Otto Lilienthal; 23 мај 1848 — 10 август 1896 ) — германски пионер во воздухопловството, кој станал познат како крал на едрилиците. Бил првиот човек кој успеал да направи добро документирани, успешни и повеќепати изведувани летови со едрилица. Го следел експерименталниот пристап претходно воспоставен од страна на Џорџ Кејли. Разни весници и списанија објавиле слики од летањето на Лилиентал, наведувајќи дека јавното и научното мислење околу можноста за летање станува реалност. За неговите придонеси кон воздухопловството во тоа време, често бил нарекуван и како „татко на летањето“.
Ото Лилиентал | |
---|---|
Ото Лилиентал околу 1896 | |
Роден(а) | Карл Вилхелм Ото Лилиентал 23 мај 1848(1848-05-23) Анклам, Покраина Померанија |
Починал(а) | 10 август 1896(1896-08-10) (возр. 48) Берлин, Германија |
Причина за смрт | несреќа со едрилица |
Почивалиште | Гробишта Ланквиц, Берлин |
Националност | Прус, Германец |
Занимање | инженер |
Познат(а) по | успешни обиди при едрилици |
Сопружник | Агнес Фишер (1878) |
Деца | 4[1] |
Потпис |
Умрел поради здобиени повреди кога неговата едрилица откажала и не можел да ја контролира. При падот од околу 15 метри го скршил вратор.