Османлиско-српска војна (1876-1877)
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Османлиско-српската војна од 1876 година претставувала вооружен конфликт меѓу Србија и Црна Гора од една страна и Османлиското Царство од друга. Сојузниците војувале за ослободување на Босна и Херцеговина од османлиската власт, но претрпеле пораз. Иако Отоманското Царство доживеала победа, војната предизвикла продлабочување на дипломатската криза на Балканот и воена интервенција на Русија со краен резултат територијални придобивки на Србија и Црна Гора, реконструкција на бугарската држава и окупираните на Босна и Херцеговина од Австроунгарија во 1878 година.
Османлиско-српска војна 1876-1877 | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Османлиско-српски војни | |||||||
Битка кај Моравас |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Кнежевство Србија | Османлиско Царство | ||||||
Сила | |||||||
100,000 | 139,000 | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
2,000 | 3,000 |
Во летото на 1875 година во балканските покраини на Османлиското Царство започнале големи немири. Во Херцеговина започнало востание. Во Бугарија избувнало Старозагорското, проследено во пролетта 1876 година и од Априлското востание. Јавноста во Србија и Црна Гора извршила притисок на владата за заштита на босанските востаници. И покрај предупредувањата на Русија, на 18 јуни 1876 година кнез Милан Обреновиќ и кнез Никола Петровиќ започнале војна со ОСманлиите.
Во почетокот на војната Отоманското Царство располагала со вкупно 100.000 борци против Србија и Црна Гора. Српските сили биле приближно исти на број, но биле слабо подготвени за воените дејствија. Распределени во четири армии, наречени според реонот на дислокација - Дринска, Ибарска, Моравска и Тимошка армија.
На 20 јуни 1876 година српските сили започнале со напад и стигнале до Бела Паланка и Пирот, но на крајот на месецот биле принудена да се повлчат назад во Србија. Во исто време, како резултат на Битката кај Велики извори, Тимошката армија била одбиена од војските на Осман паша. Црногорците кои со своите напади започнале во Мостар им нанеле голем пораз на Османлиите, но српската инвазија во Босна пропаднала. Османлиските сили на 24 јули си го вратиле градот Кнежевац и започнале голема офанзива по кое големите европски сили започнале да се мешат во конфликтот барајќи примирје.
На 16 февруари 1877 година помеѓу Србија и Османлиското Царство бил склучен мировен договор кој ја вратил состојбата меѓу двете земји како што била уште пред војната. Црна Гора не ги прифатила условите и продолжила со војната. По два месеци избувнала Руско-турската војна.
По Берлинскиот конгрес Србија и Црна Гора се ослободиле од формалниот отомански суверенитет и стекнале територии од Јужна Морава до брегот на Јадранско Море.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.