Ослободителна војна на Бангладеш
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ослободителна војна на Бангладеш (бенгалски: মুক্তিযুদ্ধ, познатa и како Војна за независност на Бангладеш) — вооружен конфликт помеѓу вооружените сили и другите безбедносни сили на Пакистан од една страна и вооружените сили на бенгалските сепаратисти и вооружените сили на Индија од друга страна. Војната завршила со независност на Источен Пакистан - денешен Бангладеш.
Ослободителна војна на Бангладеш মুক্তিযুদ্ধ |
|||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Индиско-пакистанските војни и Студената војна | |||||||||
Во насока на стрелките на часовникот од горе лево: Споменик на интелектуалците-маченици; Хаубица на силите на Бангладеш ; Генерал-полковник Амир Нијази го потпишува пакистанскиот инструмент за предавање на индиските и бангладешките сили во присуство на генерал-полковник Јаџит Синг;[1] Брод ПНС Гази. |
|||||||||
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
Привремена влада на Бангладеш
Supported by: СССР | Пакистан (Влада на Западен Пакистан)
(хрватски) Паравоени единици и милиции:
Supported by: САД |
||||||||
Сила | |||||||||
175,000[5][6] 250,000[5] | ~91,000 редовни војници[note 1] 280,000 паравојска[note 1] ~25,000 militiamen[8] |
||||||||
Жртви и загуби | |||||||||
~30,000 убиени[9][10] 1,426–1,525 убиени[11] 3,611–4,061 wounded[11] | ~8,000 убиени ~10,000 ранети 90,000—93,000 заробени[12] |
||||||||
Цивилни жртви:[10] Проценките варираат од 300,000 до 3,000,000. |
Конфликтот бил предизвикан од подемот на бенгалското националистичко чувство и движењето за самоопределување во Источен Пакистан. Војната започнала кога пакистанската воена хунта со седиште во Западен Пакистан - ноќта на 25 март 1971 година по наредба на Јахја Кан - против народот во Источен Пакистан ја започнала операцијата Рефлектор, и го иницирала геноцидот во Бангладеш. Цел на операцијата било масовно уништување на бенгалски националисти, студенти, интелектуалци, верски малцинства и вооружени лица.
Како одговор на насилството, членовите на Мукти Бахини - герилско движење на отпорот чии членови биле бенгалски војници, паравојска и цивили - започнале масовна герилска војна против пакистанската војска, и во првите месеци од конфликтот ослободиле многу градови и паланки. На почетокот, за време на монсуните пакистанската војска го вратила ударот, но бенгалските герилци извршиле контранапад преку вршење саботажа, како и преку операцијата Џекпот против пакистанската морнарица, кога новоформираните воздушни сили на Бангладеш ги бомбардирале пакистанските воени бази.[13] На 3 декември 1971 година, во војната се приклучила Индија, по што Пакистан започнал превентивни воздушни напади врз северна Индија. Индиско-пакистанска војна која следела потоа се одвивала на два фронта; по воздушната надмоќ постигната на источното боиште и брзиот напредок на сојузничките сили на Мукти Бахини и индиската војска, Пакистан се предал во Дака на 16 декември 1971 година. Предавањето на Пакистан е најбројно предавање на вооружени сили по Втората светска војна.[14]
Во руралните и урбаните области во Источен Пакистан имало обемни воени операции и бројни воздушни напади за да се потисне бранот на граѓанска непослушност откако Владата на Пакистан ги поништил резултатите од изборите во 1970 година и го уапсила шеикот Муџибур Рахман, мандатар за составување влада. Пакистанската армија, со поддршка од исламистите, создала радикални верски милиции - Разакари, Ал-Бадр и Ал-Шамс - за да ѝ помогнат за време на нападите врз месното население.[15][16][17][18][19] Припадниците на пакистанската војска и милициите кои ги придружувале биле вклучени во масовни убиства, депортација и силување, и спроведувале систематска кампања за уништување на националистичките бенгалски цивили, студенти, интелигенција, верски малцинства и вооружен персонал. Во главниот град, Дака имало бројни масакри, меѓу кои е и масакрот на Универзитетот во Дака. Меѓу Бенгалците и Бихарите кои зборуваат урду избувнало секташко насилство. Се проценува дека 10 милиони бенгалски бегалци избегале во соседна Индија, а 30 милиони биле внатрешно раселени.[20]
Со појавата на Бангладеш како седма земја во светот по бројот на население, оваа војна ја променила геополитичката карта на Јужна Азија. Поради сложените регионални сојузи, војната била главна епизода во тензиите во Студената војна во кои биле вклучени САД, Советскиот Сојуз и Народна Република Кина. Мнозинството земји-членки во Обединетите нации го признале Бангладеш како суверена нација во 1972 година.