Освојувачи на медали на Летните олимписки игри 2012
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во списокот на освојувачи на медали по земји на Летните олимписки игри 2012 се наведени сите земји учеснички на игрите кои освоиле медал. Игрите се одржале во Лондон од 27 јули до 12 август 2012, а медали биле доделени во 302 натпреварувања во 26 спортови.[1]
По завршувањето на игрите, вкупно 85 земји-учеснички освоиле медал, а 54 од нив златен. Спортистите од Бахреин, Боцвана, Габон, Гватемала, Гренада, Кипар и Црна Гора на своите земји им го донеле првиот медал од Олимписките игри, при што првиот медал за Гренада бил златен. Најуспешна нација на игрите била репрезентацијата на САД, која освои 46 златни од вкупно 104 медали.
Најуспешен натпреварувач на игрите бил американскиот пливач Мајкл Фелпс, кој освоил 4 златни и 2 сребрени медали.