Општина Жировница
општина во Словенија From Wikipedia, the free encyclopedia
општина во Словенија From Wikipedia, the free encyclopedia
Општина Жировница (словенечки: Občina Žirovnica) — општина во западна Словенија. Седиште на општината е селото Брезница. Областа е дел од историскиот регион Горењска. Денес е дел од Горењскиот статистички регион. Во 2020 г. населението броело 4.394 жители.[1]
Покрај општинското седиште Брезница, општината ги опфаќа и следните населени места:
Подрачјето се наоѓа на јужните падини на венецот Караванки, долж границата со Австрија. Општината се граничи со општините Општина Јесенице на запад, Општина Блед и Општина Радовљица на југ и Општина Тржич на исток. Преку планините на север се граничи со австрискиот округ Клагенфурт-Околина (Целовец-Дежела).
Во долината на реката Завршница зад гребенот Ребер кој се идига над селата во 1914 г е изградена првата хидроелектрана во Словенија. Во 1952 г. кај Мосте е отворена втората хидроелектрана со 60-метарска брана во клисурата Кавчке. Таа била првата електрана на реката Сава.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.