општина во Град Скопје From Wikipedia, the free encyclopedia
Општина Ѓорче Петров — општина во Скопје создадена на 14 септември 1996 година со Закон за Градот Скопје со кој се утврдуваат подрачјата во состав на Скопје. Настаната е со отцепување од општина Карпош.
Општина Ѓорче Петров | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Посебна единица | Град Скопје | ||
Седиште | Ѓорче Петров, Скопје | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Александар Стојкоски | ||
Површина | |||
• Вкупна | 66,93 км2 (25,84 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 44.844 | ||
• Густина | 670/км2 (1,700/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +02 | ||
Регистарски таблички | SK | ||
Мреж. место | opstinagpetrov.gov.mk |
Територијата на Општина Ѓорче Петров се протега на северозападната страна на Скопје, од левата страна на реката Вардар. Во состав на подрачјето на Ѓорче Петров спаѓа и руралните населени места и населби по сливот на река Лепенец. Општината Ѓорче Петров е погранична општина, затоа што нејзината северна граница се простира долж државната граница. Ѓорче Петров е градска Општина во состав на Град Скопје, и нејзината територија се граничи со oпштините: Карпош, Чучер-Сандево и Сарај. Покрај урбаниот дел, Општината има и приградски, рурален дел во кој има седум населени места: Волково (заедно со населбите Пржина и Стопански Двор), Грачани, Кисела Јабука, Кучково, Никиштане, Ново Село и Орман.
Историјата на Општина Ѓорче Петров датира уште многу одамна, непосредно по Првата светска Војна, како предградие на главниот град Скопје до каде се пристигало само со познатото „Вовче Пампурче“. Најпрвин Општината се викала Анриево, по францускиот генерал Анри од Првата светска војна. Во времето на бугарската окупација 1941 година го добива името „Жостово“, по истоимениот бугарски генерал. По ослободувањето во 1945 година го добива сегашното име по македонскиот револционер Ѓорче Петров. Општина Ѓорче Петров е една од десетте општини на градот Скопје оддалечена 7,6 километри од центарот на градот и се наоѓа на северозападната страна во Скопската Котлина, меѓу реките Вардар, Лепенец и Треска. Општината има урбан и рурален дел. Во урбаниот спаѓаат населените места Даме Груев (Ге-Ге), Хром, Ѓорче Петров, Дексион (Ѓорче 2), а во руралниот се селата Грачани, Кисела Јабука, Кучково, Никиштани, Орман, Волково и Ново Село. Во границите на Волково се и населбите Пржина и Стопански Двор.
Денес Општина Ѓорче Петров има 44844 жители, зафаќа површина од 6.693 ха (вклучувајќи ги и приградските зони) и се граничи со општините: Карпош, Чучер-Сандево и Сарај.
Во поглед на локалниот економски потенцијал и расположливите стопански капациатети, Општина Ѓорче Петров се вбројува во категоријата општини во развој. Имено, поволната сообраќајна местоположба, квалитетот и структурата на економските капацитети, реалниот потенцијал за индустриски прогресс, високостручната и квалификувана работна сила се објективни индикатори и компоненти кои упатуваат на развојните стратегии на Општината. Во овој момент, најразвиени значајни стопански гранки кои, меѓу останатите, придонесуваат за пораст на БДП на локално ниво се:
Следен чекор во насока на стратешките, развојни визии на Општина Ѓорче Петров и изградба на Коридорот 8, преку кој ќе се овозможи реализација и развој на Западната индустриска зона, како најзначајна индустриска и економска алка која на долгорочен план ќе овозможи отворање нови трговски, производни и услужни капацитети (мотели, хотели, бензиски пумпи, авто салони, центри за технички преглед на возила), што претставува чекор напред во настојувањата на Општината за прогресивен премин од индустрија во развој во високоразвиена индустриска зона. [2]
Во Општина Ѓорче Петров живеат 41.634 жители од кои:[3]
Вероисповед | Вкупно |
православни | 36.888 |
муслимани | 3.729 |
католици | 243 |
протестанти | 17 |
останати | 550 |
Јазик | Вкупно |
македонски | 36.372 |
албански | 1.577 |
турски | 307 |
ромски | 1.231 |
влашки | 65 |
српски | 1.092 |
босански | 241 |
останати | 605 |
Во 2017 година, општината имала вкупно 452 вработени, од кои 72 биле вработени во општинската администрација, а останатите во општинските јавни претпријатија.[4] Градоначалник на општина Ѓорче Петров бил Александар Наумоски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[5] Советот на општина Ѓорче Петров е составен од 23 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Како населба со претежно христијанско православно население Општината Ѓорче Петров обилува со споменици од христијанска култура.
1. Празникот 1 мај - Свечена прослава и војничко гравче во месноста Јурија кај Крстот во село Кучково.
2. Ѓурѓовден - Роденден на Детската градинка Росица во Ѓорче Петров 1.
3. 9 мај - Ослободување од фашизмот. Место на прославата е пред Споменикот на паднатите борци од 1941-45 година.
4. 28 јуни - Патронен празник на Општина Ѓорче Петров
5. 10 август - Положување свежо цвеќе пред Спомен плочата на загинатите борци во Волково кои ги дадоа своите животи во војната во 2001 година кај Љуботенски пат.
6. 8 септември - Ден на независноста на Р Македонија
7. 11 октомври - Државен празник на македонскиот народ - (Ден на востанието на Република Македонија). Одржување на прослава со културно-уметничка програма пред Споменикот на паднатите борци во Паркот во Ѓорче Петров во организација на Општина Ѓорче Петров и Сојузот на борците од Општина Ѓорче Петров.
8. 14 ноември - Ден на слободување на Ѓорче Петров.
Ракометниот клуб “Ѓорче Петров” е основан во 1979 година. Искачувањето на европскиот врв почнува по влегувањето на Кометал трејд управуван од стопанственикот Трифун Костовски. Нивните најголемите успеси се во Лигата на Шампионите каде досега играше двапати во финале, а во 2002 година го освои големиот трофеј на ЕХФ. Еднаш триумфираше во Суперкупот 2003 и Интерконтиненталниот куп во Јоханесбург 1994 година.
Фудбалот спаѓа меѓу најстарите спортови во Ѓорче Петров. Клубот е основан 1932 година. За време на Кралството Југославија постоел фудбалски клуб „ХАСК” којшто сменил неколку имиња: од „Победа”, „Индустријалец - Ѓорче Петров”, „Локомотива”, „Рудар”, а најдолго го задржува името „Југококта - Ѓорче Петров”. По осамостојувањето на Р Македонија во 1991 год. фудбалскиот клуб Југококта го добива името „Македонија Ѓорче Петров” (ФК Македонија - Ѓорче Петров), како што се вика и ден денес и се натпреварува во првата Македонска лига. Најголем успех во досегашната историја е освојувањето на Купот на Македонија во сезоната 2005/06 и шампион на Македонија сезона 2008/09.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.