From Wikipedia, the free encyclopedia
Опсада на Белград (унгарски: Nándorfehérvári diadal, турски: Belgrad kuşatması) — втор обид на Отоманското Царство да го освои градот. Опсадата на градот траела од 4 јули до 22 јули 1456 година.[6] По Падот на Цариград, главен противник на Османлиите станало Кралство Унгарија. Султанот Мехмед II со својата огромна војска се упатил кон Смедерево, кој град бил престолнина на Српското Деспотство, и Белград кој претставувал најголемото унгарско упориште на јужната страна од својата граница.
Опсада на Белград | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Кралство Унгарија Срби европски крстоносци | Османлиско Царство | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
|
|
||||||
Сила | |||||||
околу 4.000 добро вооружени војници[1]
армија од околу 60.000[1] 200 бродови[2] | околу 30,000 војници[3]
200 бродови[4] |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
? | 28 топови
100 галии 13,000 војници [5] |
Големите османлиски сили не ги дочекале обединети христијанските армии. Дури ниту самата Унгарија не постигнала договор околу заедничката војна против Османлиите. Војската која била бранета Белградската тврдина била предводена од Јанош Хунади, како и мал дел од српските сили на деспотството.
Еден од најзначајните настани од оваа опсада било уништувањето на османлиската флота на 14 јули 1456 година на реката Дунав. Согледувајќи дека градот нема да можат да го освојат преку Дунав, Османлиите се решиле да нападнат со сите свои сили по копнен пат на 21 јули. Опсадата на Белград, подоцна, била опишена како решавачка судбина за христијанството од страна на Папа Каликст III.[7]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.