Угнетувањето е користење на власт или моќ на мачен, суров или неправеден начин.[1] Тоа, исто така може да се дефинира како чин на угнетување, состојбата на угнетеност, и чувството да се биде во голема мера оптоварен, ментално или физички, со маки, неповолни услови или луѓе, и анксиозност.

Thumb
Угнетувањето произлегува од концептот на оптоварување, и често е претставено како такво. Тука, политичка карикатура покажува Евреин работејќи под метафоричното угнетување на рускиот цар.

Социјално угнетување

Социјално угнетување е социјално поддржано малтретирање и експлоатација на група, категорија, или тим од луѓе или поединец.

Институционилизирано угнетување

"Институционално угнетување се случува кога воспоставени закони, обичаи и практики систематски одразуваат и произведуваат нееднаквости врз основа на членството на некој во таргетираните групи. Ако угнетувачките последици се предизвикувани од институционалните закони, обичаи, или практики, институцијата е угнетувачка без разлика дали поединците кои ги одржуваат овие практики имаат угнетувачки намери или не."[2]

Систематско угнетување

Полицијата и законот самите се често примери за систематско угнетување. Терминот угнетување во вакви случаи се однесува на подреденост на дадена група или општествена категорија од неправедна употреба на сила, авторитет, или општествени норми со цел да се постигне индоктринација. Преку институционализација, формална или неформална, се постигнува димензија на систематско угнетување. Угнетувањето вообичаено се доживува како последица на, и е експресирано преку, форма на преовладувачка, можеби несвесна претпоставка дека некој е на некој начин инфериорен. Угнетувањето ретко се ограничува само на формална владина акција: еден поединец може да биде посебен фокус на угнетување или прогон, и во такви околности да нема членство во група во која да го сподели, и на тој начин можеби ублажи, товарот од прогоните.

Во психологијата, расизмот, сексизмот и другите предрасуди, често се изучуваат како поединечни верувања кои, иако не се самите угнетливи, можат да доведедат до опресија ако тие се кодифицирани со закон или станат дел од една култура. За споредба, во социологијата, овие предрасуди често се изучуваат како институционализирани системи на угнетување во некои општества. Во социологијата, алатките на угнетување вклучуваат прогресија на оцрнување, дехуманизација и демонизацијата; кои често генерираат жртвени јагниња, што се користи за да се оправда агресија врз целни групи и поединци.

Универзалната Декларација за Човекови Права и концептот за човекови права биле дизајнирани за да се ограничи угнетувањето, давајќи јасна артикулација на основните слободи кои било кој систем треба да им го овозможи на сите луѓе над кои има моќ.

Кога угнетувањето е систематизирано преку принуда, закани за насилство, или насилство од страна на владините агенции или не-владини паравоени сили со политички мотив, често се нарекува политичка репресија. Посуптилни облици на политичко угнетување/репресија можат да се произведат од страна на црни листи или поединечни истраги.

Транснационалните системи на владеење кои често можат да бидат угнетувачки вклучуваат: колонијализам, диктатура, империјализам, апсолутна монархија и тоталитаризам, и можат да генерираат отпорно движење за соборување на угнетувачкото статус кво.

Наводи

Дополнителна литература

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.