Ополско Војводство
војвојдство во Полска From Wikipedia, the free encyclopedia
војвојдство во Полска From Wikipedia, the free encyclopedia
Ополско Војводство (полски: województwo opolskie, германски: Woiwodschaft Oppeln) — војводство во југозападна Полска, најмалото и најмалку населеното во државата. Наречено е по најголемиот и главен град — Ополе. Историски, подрачјето е дел од областа Горна Шлеска и има релативно големо германско малцинство, со свои претставници во државното собрание.
Ополско Војводство Województwo opolskie | |||
---|---|---|---|
војводство | |||
Местоположба во Полска | |||
Окрузи во Ополското Војводство | |||
Земја | Полска | ||
Седиште | Ополе | ||
Окрузи | 1 градски, 11 земски * | ||
Површина | |||
• Вкупно | 9.412,5 км2 (36,342 ми2) | ||
Население (2014) | |||
• Вкупно | 1.000.858 | ||
• Густина | 110/км2 (300/ми2) | ||
• Градскo | 549.334 | ||
• Селско | 495.012 | ||
Рег. таб. | O | ||
Мреж. место | umwo.opole.pl | ||
|
Се граничи со следниве војводства: Долношлеското на запад, Големополското и Лоѓското на север, Шлеското на исток и Чешка на југ.
Ополското војводство е создадено на 1 јануари 1999 г. од дотогашното Ополско и делови од Ченстоховското Војводство, согласно управната реформа усвоена претходната година.
Во прво време, владата имала намера да го укине Ополското војводство и да го подели меѓу Долношлеското и Шлеското војводство (источна Горна Шлеска и западна Малополска), според советите на истакнати историчари, кои сметале дека ова се поавтентично полски области со историска заднина. Било предвидено Бжег и Намислов да ѝ припаднат на Долна Шлеска, а остатокот, заедно со дел од Ченстоховското Војводство, да стане дел од новото Шлеско Војводство. Сепак, овие планови побудиле значајно негодување меѓу германското население на војводството, кои стравувале дека поделбата на нивното подрачје ќе ги расцепка, оставајќи ги без застапување како малцинство. На изненадување на Германците, шлеските Полјаци исто така се побуниле против реформата, сметајќи дека тоа ќе им го наруши регионалниот идентитет и ќе ги втурне во непозната средина.
Решението било донесено кон крајот на 1999 г. со придодавањето на Олесно кон Ополското Војводство по 24 години раздвоеност. Конечната разврска дошла во 2006 г. кога општината Радлув прва го прогласила германскиот за втор службен јазик.
Војводството е сместено во југозападна Полска, претежно на подрачјето на Шлеската Низина. На исток се граничи со Шлеската Висорамнина со познатата планина Света Ана, а на југозапад се Опавските Планини во состав на Судетите. Реката Одра по средината го пресекува војводството на два дела. Северниот дел долж реката Мала Панев е густо пошумен, додека пак во јужниот дел преовладува обработливо земјиште.
Ополското Војводство се одликува со најтопла клима во земјата.
Војводството има 35 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 година[1]):
Војводството е поделено на 12 окрузи, од кои 1 градски и 11 земски. Тие пак се поделени на 71 општина.
Име и изворно име |
Површина (км²) |
Население (2006) |
Седиште | Други градови | Општини |
Градски окрузи | |||||
Ополе Opole |
96 | 128.034 | 1 | ||
Земски окрузи | |||||
Бжешки powiat brzeski |
877 | 92.361 | Бжег | Гродкув, Левин Бжески | 6 |
Глупчички powiat głubczycki |
673 | 50.326 | Глубчице | Кетш, Баборув | 4 |
Кенѓежинско-кожелски powiat kędzierzyńsko-kozielski |
625 | 102.118 | Кенѓежин-Кожле | 6 | |
Клучборчки powiat kluczborski |
852 | 70.082 | Клучборк | Волчин, Бичина | 4 |
Крапковички powiat krapkowicki |
442 | 67.926 | Крапковице | Зѓешовице, Гоголин | 5 |
Намислувски powiat namysłowski |
748 | 43.957 | Намислув | 5 | |
Ниски powiat nyski |
1.224 | 145.640 | Ниса | Глухолази, Пачкув, Отмухув, Корфантув | 9 |
Олески powiat oleski |
974 | 68.269 | Олесно | Прашка, Доброѓењ, Гожув Шлонски | 7 |
Ополски powiat opolski |
1.587 | 134.874 | Ополе * | Ожмек, Њемодлин, Прушкув | 13 |
Прудњички powiat prudnicki |
571 | 59.931 | Прудњик | Глогувек, Бјала Прудњицка | 4 |
Стшелечки powiat strzelecki |
744 | 80.828 | Стшелце Ополске | Заваѕке, Колоновске, Лешњица, Ујазд | 7 |
* седиштето не е дел од округот | |||||
Ополското Војводство е најмалото во земјата, како по површина, така и по населеност.
Населението брои околу милион жители, од кои 15 % се Германци, сочинувајќи 90 % од германското малцинство во Полска. Поради ова, има поголем број на двојазични општини, каде германскиот јазик и култура играат значајна улога.
Војводството има мешано индустриско-земјоделско стопанство. Има лежишта на минерални ресурси за градежен материјал како варовник (Стшелце Ополске), лапорец (кај Ополе), мермер и базалт. Се одликува со поволна клима и плодна почва кои даваат големи приноси.
Во Ополското Војводство се застапени вкупно 19 стопански грабки. Најважно е производството на цемент и вар, а потоа следуваат изработката на мебел, прехранбената, автомобилската и хемиската индустрија. Заведени се околу 53.000 претпријатија, претежно од мал и среден обем, во кои работат преку 332.000 лица, од кои 89.000 работат во производните дејности. Дури 95,7 % од сите претпријатија се во приватна сопственост.
Најзастапени презимиња во Ополското Војводство се следниве:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.