![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/6e/Montages_of_Opole%252C_Poland_2014.jpg/640px-Montages_of_Opole%252C_Poland_2014.jpg&w=640&q=50)
Ополе
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ополе (полски: Opole, шлески: Uopole, германски: Oppeln, , долношлески: Uppeln) — град кој се наоѓа во јужна Полска на реката Одра. Со население од 119,574 (декември 2014), тој е административен центар на Ополското Војводство и исто така седиште на Ополскиот Округ.
Ополе | |||
---|---|---|---|
Град | |||
![]() | |||
| |||
Местоположба во Полска | |||
Координати: 50°40′N 17°56′E | |||
Држава | ![]() | ||
Војводство | ![]() | ||
Округ | ![]() | ||
Градски права од | 1217 г. | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Аркадиуж Вишневски | ||
Површина | |||
• Град | 96,55 км2 (3,728 ми2) | ||
Надм. вис. | &10000000000000176000000176 м | ||
Население (31.12.2014) | |||
• Град | 119.574 | ||
• Густина | 1.238/км2 (3,210/ми2) | ||
• Метро | 267.000 | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски код | 45-001 до 45-910 | ||
Повик. бр. | +48 077 | ||
Регис. таблички | OP | ||
Мреж. место | http://www.opole.pl |
Со долгата историја која датира од 9. век, Ополе се смета за еден од најстарите градови во Полска. Потеклото на првите населби се поврзува со 1217 година, кога градот се здобил со градски права од Казимир I Ополски,[1] внукот на полскиот кнез Болеслав III Пјаст. Во текот на средниот век и ренесансата градот бил познат како центар на трговијата поради својата местоположба на пресекот на неколку главни трговски патишта, што му помогнало да собере стабилен профит од транзит на трговија. Брзиот развој на градот исто така бил предизвикан со основањето на регенско седиште во Ополе во 1816 година. Првата железничка врска помеѓу Ополе, Бжег и Вроцлав била отворена во 1843 година, а првите вистински фабрики за производство биле изградени во 1859 година, кои во голема мера придонеле за негово регионално значење.[2]
Во текот на своето постоење Ополе припаѓал на Полска, Бохемија, Прусија и Германија. Пред втората светска војна градот се наоѓал во источна Германија и бил еден од најголемите центри во кој живеело полско малцинство во целата држава. Во 1945 година, според Кримската конференција и Потсдамскиот договор, регионот бил доделен на Полска. Голем број на Германци од Горна Шлеска и Полјаци од германско потекло сè уште живеат во Ополскиот регион; сепак во рамките на градот, етничките Германци се застапени со помалку од 3% од населението. Ополе исто така бил главен град на историскиот регион Горна Шлеска.
Ополе често се нарекува „полска Венеција“,[3] поради живописноста на стариот град и големиот број на канали и мостови кои поврзуват делови од градот.