From Wikipedia, the free encyclopedia
Опал е хидратен аморфен облик на силициум диоксид. Учеството на вода во опалот се движи од 3 % до 21 %, но најчесто изнесува меѓу 6 % и 10 %. Поради неговиот аморфен облик, тој се класифицира како минералоид, за разлика од кристалните облици на силициумот кои се сметаат за минерали. Во природата, опалот може да се најде во кој и да било вид карпи, а најчесто се среќава заедно со лимонитот, песочникот и базалтот. Името „опал“ најверојатно е изведено од санскритскиот збор „упала“ (उपल) кој значи „накит“, а подоцна било изведено од грчкиот збор „опалиос“ (ὀπάλλιος) кој значи „да се види промена на бојата“.
Хемиската формула на опалот е: SiO2·nH2O.
Постојат два вида опал: скапоцен и обичен. Скапоцениот опал се одликува со прелевање на боите, додека оваа одлика не е присутна во обичниот опал.[1] Прелевањето на боите се дефинира како „псевдохроматски оптички ефект кој произлегува од обоената светлина од одредени минерали при што таа се претвора во бела светлина“.[2] Внатрешната структура на скапоцениот опал е причината за дефракцијата на светлината, што создава разиграни бои. Во зависност од условите во кои бил создаден, опалот може да биде проѕирен, непроѕирен и заматен, а позадинската боја може да биде бела, црна или речиси која и да било боја од видливиот спектар. Најретка форма е црниот опал, додека најчести се белиот, сивиот и зелениот опал.
Низ историјата опалот бил многу ценет поради тоа што бил многу редок. До откривањето на големите наоѓалишта на опал во Австралија во 19 век, единственото познато наоѓалиште на опал било местото Червеница во Словачка.[3] Денес, опалот е национален симбол наАвстралија.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.