Оливер Харт

From Wikipedia, the free encyclopedia

Оливер Харт

Оливер Харт (англиски: Oliver Hart; 9 октомври 1948, Лондон) — британско-американски економист, добитник на Нобеловата награда во 2016 година.

Thumb
200pxОливер Харт

Животопис

Харт е роден во Лондон, во 1948 година. Дипломирал во областа математика на Универзитетот Кембриџ (Cambridge University), a во 1972 година магистрирал во областа економија на Универзитетот на Ворик (University of Warwick). Докторирал на Универзитетот Принстон во САД, во 1974 година. Во 2016 година, Харт ја добил Нобеловата награда, за придонесот во теоријата на договорите. Во моментот на добивањето на Нобеловата награда, Харт работел како професор на Универзитетот Харвард, а претходно бил професор и на МИТ.[1]

Научна дејност

Научниот придонес на Харт е во областа на некомплетните договори (Incomplete contracts) во кои не можат однапред да се предвидат сите можни околности, ниту отпосле да се измерат прецизно остварувањата на договорните страни.[1]

Наводи

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.