From Wikipedia, the free encyclopedia
Олга Холц (руски: Ольга Гольц; родена на 19 август 1973 ) е руска математичарка, специјализирана за бројчена анализа. Таа ја добила Софија Ковалевскаја наградата во 2006 година[1] и наградата на Европското математичко друштво (2008). Од 2008 година, таа е членка на Младинската Академија (Junge Akademie[2]) на Германија.
Олга Холц | |
---|---|
Холц на Институтот за напредни студии во Принстон, октомври 2009 | |
Роден(а) | 19 август 1973
Чељабинск, Советски Сојуз |
Полиња | Математика |
Установи | Калифорниски универзитет, Беркли, Технички Берлински универзитет |
Образование | Јужен Уралски државен универзитет универзитет Висконсин-Медисон |
Поважни награди | ЕМД Награда (2008) |
Раниот математички развој на Холц во голема мера се должел на нејзините родители, кои биле програмери. На возраст од 15 години, таа била избрана во средно училиште специјализирано за математика, на кое таа завршила две години подоцна. Холт го посетувала Јужниот Уралски државен универзитет во Чељабинск (1995) и универзитетот во Висконсин-Медисон (2000), престојувајќи во вториот до 2002 година, на постдокторска позиција за истражување, откако докторирала. Потоа таа поминала 1,5 година во Германија, со Хамболт истражувачка стипендија на Институтот за математика на Техничкиот Берлински универзитет, пред да се врати во САД во 2004 година, каде што станала мори асистент професор на одделот за математика на Калифорнискиот универзитет, Беркли од 2004 до 2007 година.
По освојувањето на наградата Софија Ковалевскаја од 1.000.000 евра во 2006 година, Холц создала своја истражувачка група на Техничкиот Берлински универзитет,[3] каде станала професор по применета математика, истовремено работејќи како соработник, а потоа и редовен професор по математика на Калифорнискиот универзитет, Беркли. Оттогаш, Холц освоила дополнителни почести. Европското математичко друштво и ја доделило својата награда за 2008 година, а Европскиот Истражувачки Совет и го доделил нивниот Почетен Грант во висина од 880.000 евра, во август 2010 година.[3] Во 2015 година била избрана за член на Американското математичко друштво "за придонеси во бројчената линеарна алгебра, бројчена анализа, апроксимативната теорија, теоретската компјутерска наука и алгебра".[4]
Холц, која сметала на кариера во музиката пред да се одлучи за математиката, настапила со Берлинскиот филхармониски хор и практикувала танцување во сала за танцување.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.