Окупација на Цариград
From Wikipedia, the free encyclopedia
Окупацијата на Цариград (турски: İstanbul'un İşgali) — окупација на главниот град на Отоманското Царство во периодот од 13 ноември 1918 година до 4 октомври 1923 година од страна на британските, француските и италијснаките сили по потпишувањето на договорот од Мудрос според кое Отоманското Царство се повлекло од Првата светска војна. Првите француски војници во градот влегле на 12 ноември 1918 година по кое следувало и британското следниот ден. На 7 февруари 1919 година италијснките сили влегле во Галата[2].
Окупација на Цариград | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Поделба на Отоманското Царство и Турска војна за независност | ||||||||||
Луј Франше д' Епере во Бејоглу, 8 февруари 1919 |
||||||||||
|
||||||||||
Завојувани страни | ||||||||||
Обединето Кралство | Османлиско Царство | Турски револуционери | ||||||||
Команданти и водачи | ||||||||||
Сомерсет Калдорп Џорџ Мајлн Луј Франше д' Епере Карло Сфорца [2] Ефтимиос Канелопулос | Али Саит-паша¹ | Селахатин Адил-паша2 | ||||||||
Сила | ||||||||||
Копнени сили на 13 ноември 1918:[3] 2,616 британски, 540 феанцуски, 470 италијански војници (Вкупно: 3,626 војници) Копнени сили на 5 ноември 1919:[4] | ||||||||||
1: Командант на XXV корпус и Истанбулската гарда (6 октомври 1919 – 16 март 1920[9]) 2: Командант на Истанбулската гарда (10 декември 1922 – 29 септември 1923[10]) |
Сојузничките трупи окупирале посебни зони во градот (денешен Истанбул) и формирале сојузничка воена администрација на почетокот на декември 1918 година. Окупацијата имала две фази: првичната фаза во согласност со договорот го отстапила во 1920 година до потпишувањето на договорот од Севр. Договорот од Лозана, потпишан на 24 јули 1923 година, довел до крај на окупацијата. Последните трупи на сојузниците заминале од градот на 4 октомври 1923 година, а првите трупи на владата од Анкара, командувани од Шукру Наили-паша (3-ти корпус), влегле во градот со церемонија на 6 октомври 1923 година, што е обележано како Ден на ослободување на Истанбул (турски: İstanbul'un Kurtuluşu) и се одбележува секоја година годишнината од ослободувањето[11].
Во 1918 година градот за првпат ја сменил својата власт по падот на Цариград во 1453 година. Заедно со окупацијата на Смирна, настанот го поттикнал формирањето на Турското национално движење, што довело до започнување на Турската војна за независност.[12].