Оксфордски универзитет
From Wikipedia, the free encyclopedia
Оксфордски универзитет (неформално само Оксфорд) — универзитет кој се наоѓа во Оксфорд ,Обединетото Кралство .Тој е третиот по ред најстар,преостанат универзитет во светот,по универзитетите во Болоња и Париз и најстариот универзитет во англиското говорно подрачје.Сепак точниот датум на основање останува нејасен,постојат докази кои сведочат дека таму се учело уште во 11 век.Универзитетот значитело се зголеми од 1167 година кога Хенри II ги приклучи англиските студенти кои учеа на Универзитетот во Париз.Формално ,Универзитетот Оксфорд историски е скратено и преименувано во Оксон.(од латински Оксониенсис),меѓу другото денес официјално во јавноста е познат како Оксф.По полемиките помеѓу студентите и граѓаните на Оксфорд во 1209 година,некои професори побегнаа североисточно во Кембриџ ,каде што го основаа Универзитетот Кембриџ. Двата „ древни универзитети”имаат многу заеднички одлики и често се спомнувани заедно како Оксбриџ.Покрај културните и практичните здруженија како дел од историјата на Британското општество ,двата универзитета имаат долга меѓусебна соперничка историја.Повеќето додипломски предавања на Оксфорд се организирани така што се засновани на писмен есеј,еднаш неделно под раководство на ментори од самостојни колеџи и сали(предавални),поддржани од предавања и лабораториски часови ,овозможени од факултети на Универзитетот и катедри. Табелите постојано го запишуваат Оксфорд како еден од најдобрите Британски универзитети и Оксфорд постојано се рангира во десетте најдобри светски универзитети.Универзитетот е член на Групата Расел(Расел Бернард-Британски филозоф)за истражување ,предводена од Британски универзитети,Групата Коимбра,Сојузот на Европските Истражувачки Универзитети ,Меѓународната Алијанса на Истражувачки Универзитети и исто така е основен член на Европаеум.Формира дел од „Златен Триаголник” на Британски универзитети.Повеќе од еден век ,служеше како дом на Стипендијата Родос,која што им овозможува на студенти од многубројни држави да студираат на Оксфорд како постдипломци или второ степени студенти.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |