From Wikipedia, the free encyclopedia
Овчите сипаници или варичела е контагиозна акутна инфективна болест и од вирусно потекло, која се одликува со полиморфна, везикулозна сипаница.
Овчи сипаници | |
---|---|
Маж со овчи сипаници | |
Специјалност | Заразна болест, Педијатрија |
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Се смета дека еден ист вирус ги предизвикува и варичелата и болеста Херпес зостер [1], кој спаѓа во групата на Херпес вирусите, а има големина 210-240 nm. Слабо е отпорен во надворешна средина, па зато индиректниот начин на пренесување на инфекцијата е мошне редок.
Варичелата [2] е широко распространета болест и се јавува во вид на помали или поголеми епидемии в зима или рана пролет. Индексот на контагиозност се движи од 70-90%. Извор на инфекцијата е болниот од варичела или херпес зостер. Ширењето на заразата се врши по аерокапков пат преку Флиге-овите капки на директен начин. Но вирусот поради неговата голема пробивност низ пукнатините на ѕидовите и вратите може да се шири на оддалечени места и да предизвика интрахоспитална инфекција. Се случува дете кое било во контакт со возрасен болен од херпес зостер[3] да заболи од варичела[4] или обратно.
Влезна врата на вирусот се епителните клетки на лигавицата на горните дишни патишта, од каде, преку лимфните садови доаѓа во крвотокот и преку него во РЕС на повеќе органи во некои ткива, кожа, лигавица, ЦНС и др. Во површинскиот слој на епидермисот на лигавиците предизвикува вакуолизирна дегенерација на клетките и создавање на серозен ексудат, формирање на везикули, како и хиперплазија и некроза на клетките.
Инкубацијата во просек изнесува 14-18 дена. Текот на болеста се одвива ни три периоди.
Варичелата може да има полесни и потешки форми, во зависност од тежината на болеста, изгледот на сипаниците и возраста на болниот. Злоќудната варичела се смета за тешка форма и се јавува кај малите еца и во тек на болеста леукемија. Проследена е со хеморагична дијатеза: крварења во везикулите, по кожата и внатрешните органи и завршува со смрт. Меѓу потешките форми на варичела спаѓаат: улцерозната, гангренозната, хеморагичната и други.
Компликации кај варичелата[3] од вирусно и бактериско потекло, се ретки и лесни со исклучок на постварилозен енцефалитис. Секундарни инфекции на кожата со стрепто-стафилококи се: флегмона, фурункулоза, еризипелас и др; на лигавиците: стоматитис, ларингитис, кератитис, на белите дробови: вирусна пневмонија, плевритис. Други компликации се миокардитис, артритис, нефритис и други. Посебна компликација врз централниот нервен систем, а со добра прогноза е воспаление на малиот мозок (Cerebellitis), кое се манифестриа со несигурно одење, атаксија, нарушена рамнотежа. Во текот на варичелата може да се јави и пара или постинфекциозен менингоенцефалитис како компликација.
Дијагнозата [5] на ваpичелата се поставува врз основа на епидемиолошка анкета, карактеристична полиморфна сипаница, крвната слика: леукопенијa со лимфоцитоза, наод на гигантски мултинуклеарни клетки во содржината на везикулите. Изолација на вирусот и серолошки реакции ретко се користат. Се шири преку капкова инфекција (кивање, кашлање, зборување) или преку директен контакт (допир) со заболеното лице. Најчесто се јавува кај колективни установи на живеење, јасли, градинки, училишта, предшколски установи и сл. Токму ова е ѝ најчестата група[6] microcephaly, hydrocephaly,[7] на популација, која ја зафаќа ова заболување.
Варичелата има добра прогноза, со исклучок на варичелата кај доенчињата, злоќудните форми на болеста и кај леукемични болни. Бебињата, особено оние кои немаат три месеци немаат изградено имунолошки систем, затоа со појавата на оваа болест тие тешко се справуваат[8]. Меќута доколку се случи оваа болест, најчесто завршува без никакви компликации.
Потребна е изолација и мирување со спроведување на симптоматска, а по потреба и антибиотка терапија . Освен изолацијата на болниот поефикасни заштитни мерки засега не се користат. Понекогаш се препорачува и бањаање во хиперманган бидејќи тој ја дезинфицира кожата. Со бањите во млака вода се обезбедува тенок слој кој и дава удобност на кожата.Орално даден антихистаминик значително го забавува чешањето. При оваа болест се препорачува и скратување на ноктите на болниот поради инфекција од чешање.
Исхраната треба да биде млечна и вегетабилна.Се препорачува и внесување на пообилни количини на овошје и зеленчук со цел да се внесат поголем број на витамини во организмот. По прележаната варичела останува солиден имунитет.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.