британски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Овен Даниел Дул MBE (англиски: Owain Daniel Doull; р. 2 мај 1993 во Кардиф[3]) — велшки професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ЕФ Едукејшн-ИзиПост.
Дул на Европското велодромско првенство 2015 | ||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Овен Даниел Дул | |||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 2 мај 1993 Кардиф, Обединето Кралство | |||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,81 м[1] | |||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 71 кг[2] | |||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | ЕФ Едукејшн-ИзиПост | |||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | велодромски и друмски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | издржливост | |||||||||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||
2013 | 100% Me | |||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||
2014 2015–2016 2016 2017-2021 2022– | Ан Пост-Чејн Реакшн ВИГИНС → Тим Скај (стажант) Тим Скај ЕФ Едукејшн-ИзиПост | |||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||
Последна промена 5 декември 2022 |
Дул е насочен кон екипната потера во велодромскиот велосипедизам и го освоил златниот медал во дисциплината на Летните олимписки игри 2016; со тоа станал првиот Велшанец кој освоил олимписко злато.[4]
Дул е роден и пораснал во Кардиф, Велс[5][6] Како дете бил одличен спортист и играл рагби како ученик, но и возел велосипед за Мејнди Флајерс.[7]
Во 2010 година бил избран од британската федерација за олимписката развојна програма, заедно со велшките велосипедисти Ејми Робертс и Елинор Баркер.[8] Роберт и Баркер, исто така, биле дел од репрезентацијата на Велс на Комонвелтските младински игри 2011 на Островот Ман. Дул освоил два медала на игрите, сребрен во друмската трка и бронзен со Ден Пирсон во екипната друмска трка. Во 2012 година, Дул ја завршил олимписката развојна програма и бил прифатен во академијата на британската федерација.[3]
Првиот настап на Дул за Велика Британија бил на Светското велодромско првенство 2013 во Минск, каде завршил петти во скреч.[3] Негов прв подиум бил на Европското велодромско првенство во Апелдорн, каде бил дел од екипната потера, освојувајќи злато заедно со Стивен Барк, Ед Кленси и Енди Тенант.[9]
Дул по европското злато бил дел од екипата за екипна потера и на Светсккиот куп во Манчестер, каде екипата, исто така, го освоила златото.[10] Потоа, во декември 2013 година, освоил уште два медала во вториот настап во Светскиот куп, овој пат во Агваскалиентес, Мексико. Повторно бил дел од екипната потера, која го освоила бронзениот медал и потоа го освоил првиот поединечен медал во дисциплината скреч.[11]
Дул станал професионалец во друмската сезона 2014 со екипата Ан Пост-Чејн Реакшн.[12] Дул го претставувал Велс на Комонвелтските игри 2014 во Глазгов.[13]
Во 2015 година, Дул се преселил во новата екипа ВИГИНС создадена од Бредли Вигинс со цел да ги подготви британските возачи за екипната потера на Летните олимписки игри,[14] одбивајќи ја понудата целосно да се префрли во друмски велосипедизам од екипата Тим Јуропкар.[15] Во септември 2015 година, Дул завршил трет на Трката околу Британија и го освоил бодовниот пласман. Во ноември 2015 година, ДУл потврдил дека ќе остане со ВИГИНС за сезоната 2016, додека во мај 2016 година било објавено дека ќе се приклучи на Тим Скај на двегодишен договор од 2017 година.[16] Во август 2016 година, Дул потпишал со Тим Скај како стажант за остатокот од сезоната.[17]
Дул бил назначен како член на Редот на Британската Империја (MBE) во новогодишните прогласувања 2017 за заслуги во велосипедизмот.[18] Дул ја започнал сезоната 2018 со настап на Тур Даун Андер.[19]
Во август 2019 година е именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2019.[20]
СО = се откажал; — = не учествувал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.