![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/94/MASSINISSA_-_MAA_23_-_87000716.jpg/640px-MASSINISSA_-_MAA_23_-_87000716.jpg&w=640&q=50)
Нумидија
берберско кралство во Северна Африка (202 г.п.н.е. - 40 г.) / From Wikipedia, the free encyclopedia
Нумидија ― древно берберско кралство во северозападниот дел од Африка. Прво ја зафаќало територијата на денешен Алжир, но подоцна кралството се проширило на територијата од денешен Тунис, Либија и делови од Мароко. Било населено претежно од берберски племиња, поделени на две племенски групи: Масилии на исток и Масасили на запад. За време на Втората пунска војна (218–201 п.н.е.), кралот на Масилиите, Масиниса го победил месасилскиот крал Сифакс, и ја обединил Нумидија во едно кралство. Кралството прво било суверена држава, а подоцна во периоди било или римска провинција или римска клиентска држава.
Кралство Нумидија | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
![]() Карта на Нумидија по Пунските војни | |||||
Главен град | Кирта (денешен Константин, Алжир) | ||||
Јазици | Нумидиски Пунски Латински Грчки | ||||
Уредување | Монархија | ||||
Историски период | Стар век | ||||
- | Основана | 202 г.п.н.е. | |||
- | Освоена од Римското Царство | 25 г. | |||
Денес во | |||||
Нумидија, при својата најголема територијална експанзија на запад се граничела со Мавретанија,[1] на исток со римската провинција Африка, на север до Средоземно Море и на југ се протегала до Сахара. Таа била една од првите големи држави во историјата на Алжир и Берберите.