![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/16/Odenbuell_Nordstrand_St_Vinzenz_IMGP2940_wp.jpg/640px-Odenbuell_Nordstrand_St_Vinzenz_IMGP2940_wp.jpg&w=640&q=50)
Нордштранд
општина и полуостров во Германија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Нордштранд (германски: Nordstrand; севернофризиски: Noordströön) — полуостров и поранешен остров во Северна Фризија на брегот на Северното Море во Германија. Се наоѓа во округот Северна Фризија, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн. Зафаќа површина од 50 км2 со 2.300 жители. На полуостровот се наоѓаат две општини, Нордштранд и помалата Елизабет-Софиен-Ког, кои се дел од општинската заедница Северно Море-Трене. Пред 2008 година, двете општини образувале посебна општинска заедница наречена Нордштранд, со седиште во поголемата општина Нордштранд.
Нордштранд | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Северна Фризија |
Месна заед. | Северно Море-Трене |
Градоначалник | Јенс-Јохан Јакобсен (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 57,43 км2 |
Надм. височина | 2 м |
Население | 2.237 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 39 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | NF |
Пошт. бр. | 25845 |
Повик. бр. | 04842 |
Портал | www.nordstrand.de |
Местоположба на Нордштранд во рамките на округот Северна Фризија | |
Координати | 54°29′0″N 8°53′0″E |
Во средновековниот период, Нордштранд бил дел од поголемиот остров Штранд, кој бил потопен на делови во катастрофалната плимна бура во 1634 година. Над 6.000 луѓе се удавиле. Пред 1634 година, површината на островот била 540 км2.[2] Други остатоци на Штранд се островот Пелворм и хализите.
До Нордштранд води пат над насип, кој го поврзува со копното и бил изграден во 1936 година. Во 1987 година, полдерот Белтрингхардер Ког бил завршен, со што поранешниот остров станал полуостров.