поткласа на птици From Wikipedia, the free encyclopedia
Новивиличните (науч. Neognathae) се птици од поткласа на нови птици (Neornithes) на класата птици. Тука влегуваат речиси сите денешни птици, со исклучок на сестринскиот таксон старовилични (Palaeognathae), каде спаѓаат тинамуа и безлетните ноевидни.
Нововилични Период: доцна креда - денес | |
---|---|
Некои нововилични птици (надесно, од горе надолу): мандаринка, бел штрк, црна луња и црновеѓ албатрос | |
Научна класификација [ у ] | |
Класа: | Птици |
Поткласа: | Нови птици |
клад: | Нововилични Pycraft, 1900 |
Подгрупи | |
Постојат речиси 10.000 видови на нововилични птици. Првите фосили на овие птици ѝ припаѓаат на доцната креда. Оттогаш, со адаптивно распрснување овие птици добиле најразновидни особини по обликот, функци и поведението. Најголемиот клад на копнени ’рбетници се врапчевидните, кои опфаќаат околу 60% од сите птици. Со ова тие се двојно побројни по видови од глодачите) и 5 пати повеќе од лилјаците (кои имаат највеќе видови меѓу цицачите). Од друга страна пак, постојат и мошне мали редови чие сродство со другите птици е тешко да се утврди. Ваков пример е загадочниот хоацин.
Нововиличните имаат споени сокиткени коски на стапалата со издолжен трет прст и 13 или помалку пршлени. Од старовиличните се разликуваат по структурата на виличните коски.
Меѓусебната сродност на нововиличните птици е предмет на многу спорови во научната јавност. Следнава класфиикација се води според Livezey & Zusi, 2007,[1] Hackett |display-authors= et al, 2008, Nesbitt, Ksepka & Clarke, 2011 и McCormack |display-authors= et al, 2012.[2][3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.