From Wikipedia, the free encyclopedia
Нобеловата награда за економија или Нобелова награда за економски науки,[1][2] официјално: Награда за економски науки на Банката на Шведска во спомен на Алфред Нобел (швед. Sveriges riksbanks pris i ekonomisk vetenskap till Alfred Nobels minne) — награда која се доделува за извонредни придонеси во полето на економијата, една од најпрестижните награди од овој вид.[3] Иако не е дел од Нобеловите награди основани согласно тестаментот на Алфред Нобел, во јавноста таа секогаш се поистоветува со нив.[3][4][5][6][7] Наградата за економија, како што се нарекува во Нобеловата фондација, е воведена во 1968 од страна на Банката на Шведска (Sveriges Riksbank), која е покровител на средствата. Наградата е основана по повод 300-годишнината на банката и во спомен на Алфред Нобел.[3][8][9][10] Како и кај наградите за хемија и физика, лауреатите за економија ги бира Кралската академија на науките, со комитет сличен на оној за другите награди.[11][12] Првите лауреати (1969) на наградата се холандскиот економист Јан Тинберген и норвешкиот економист Рагнар Фриш „за разработка и примена на динамични модели за анализирање на економските процеси.“[10][13][14]
Нобелова награда за економија | |
---|---|
Држава | Шведска |
Доделува | Кралска академија на науките |
Мрежно место | https://www.nobelprize.org/prizes/economic-sciences/ |
Дотациите што Нобеловата фондација ги добива од Банката на Шведска ги покриваат трошоците за доделување на наградата, како и износот на самата награда.[11] Од 2001 наваму, паричниот дел од наградата достигнал 10 милиони круни (нешто над 1,1 милиони евра).[15] Ова е еквивалентен износ на сумата што ја добиваат лауреатите на Нобеловите награди.[16][17] Од 2006 наваму, Банката на Шведска ѝ доделува на Нобеловата фондација годишна сума од 6,5 милиони круни (0,7 милиони евра) за административни трошоци и еднократна дотација за изработка на страници за наградата на мрежното место на Нобеловата фондација.[18]
Секој септември, надлежниот комитет составен од пет избрани члена, „испраќа покани на илјадници научници, академици и универзитетски професори во голем број земји, со молба да предложат кандидати за таа година. Членовите на академијата и досегашните лауреати исто така можат да прегладаат.“[11][12][19] Сите предлозите и приложените докази мора да бидат примени до 1 февруари.[19] Потоа комитетот ги разгледува предлозите заедно со посебно назначени стручњаци. Пред крајот на септември, комитетот избира потенцијални лауреати. Доколку има нарешени гласови, претседателот на комитетот го дава решавачкиот глас. Откако ќе се направи изборот, овој потесен круг на личности ѝ се доставува на Деветта класа (одделот за општествени науки) на Кралската академија. Кон средината на октомври одделението ги става потенцијалните лауреати на гласање, и така го избира лауреатот или лауреатите на наградата.[11][12] Како и кај Нобеловите награди, наградата за економија во една година заеднички можат да ја добијат највеќе три лица. Истите мора да се живи за време на сопштувањето во октомври. Информациите за предлозите можат да се објават дури 50 години по доделувањета на наградата.[19]
Како и кај Нобеловите награди, секој лауреат по економија добива уверение, златен медал и документ за парична награда од кралот на Шведска, на истата свеченост на која се доделуваат Нобеловите награди (10 декември).[3][20]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.