From Wikipedia, the free encyclopedia
Аврам Ноам Чомски (роден на 7 декември 1928 во Филаделфија) — американски јазичар, научник, историчар, социјален критичар и политички активист. Понекогаш опишан како „татко на модерната лингвистика“, Чомски е исто така еден од основачите на полето на когнитивната наука. Автор е на повеќе од 100 книги за теми од полето на лингвистиката, војната, политиката и медиумите. Идеолошки, неговите ставови се на линија со анархосиндикализмот и либертерскиот социјализам.
Аврам Ноам Чомски | ||
Роден | 7 декември 1928
Филаделфија, Пенсилванија, САД. | |
---|---|---|
Занимање | Лингвист, политички активист |
Роден во семејство на еврејски имигранти од Филаделфија од средна класа,[1] Чомски развил ран интерес за анархизмот од книжарниците во Њујорк. На 16-годишна возраст започнал да студира на Универзитетот во Пенсилванија, полагајќи курсеви по лингвистика, математика и филозофија. Во 1949 година дипломирал на Универзитетот на Пенсилванија. На истиот универзитет магистрирал во 1951 година, а во 1955 година ја одбранил својата докторска дисертација „Трансформациска анализа“ и станал доктор на науки од областа на лингвистиката. Неговата теорија за универзалната генеративна граматика му донесе бројни признанија во јазичаричките кругови при што поради неговите заслуги на ова поле е наречен „Ајнштајн на лингвистиката”.
Ноам Чомски е автор на голем број дела од областа на лингвистиката, надворешната политика и медиумите:
Три од неговите книги, „Нужни илузии“ („Култура“, 2003), „Интервенции“ („Култура“, 2007) и „Кој владее со светот?“ („Арс Ламина“, 2019) се преведени на македонски.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.