Ничпур
село во Општина Маврово и Ростуше From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Маврово и Ростуше From Wikipedia, the free encyclopedia
Ничпур — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горна Река.
Ничпур | |
Панорама на селото | |
Координати 41°44′38″N 20°40′24″E | |
Регион | Полошки |
Општина | Маврово и Ростуше |
Област | Горна Река |
Население | 5 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1256 |
Повик. бр. | 042 |
Шифра на КО | 07056 |
Надм. вис. | 1150 м |
Слава | Атанасовден |
Ничпур на општинската карта Атарот на Ничпур во рамките на општината | |
Ничпур на Ризницата |
Селото најпрвин запишано како Ничпур се сретнува во 1583 година во турски документи. Потеклото на името веројатно доаѓа од личното име Никифор.[2]
Ова село се наоѓа во областа Горна Река, во северниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше. Сместено е во горното сливно подрачје на Радика.[3] Селото е планинско и е сместено доста високо на 1.150 метри надморска височина.[3]
Ничпур се наоѓа на десниот брег на реката Радика. Над селото се наоѓаат шуми, додека под него се наоѓаат одредени обработливи површини.[4]
Во атарот на селото се сретнуваат следниве месности: Шуло (Присој), Дарда Маде, Гури Горид, Мула Амбл, Крој Фтоет, Гржумпе, Прој Панес, Ра Алијис, Ра Иванит, Ура, Дубовас, Крој Веринит, Ломба Недељку, Крој Смилевиц, Гури Ќафт, Фушија, Топлец, Градец, Ливади Коџес, Гури Стомит, Ливади Мирчит, Гури Врчакут, Леништа, Брегу Ресад, Вора, Ѓурчинит, Брег Ботес, Гури Шушес, Кумла е Редити, Драбиск, Гури Кофилит, Гури Куш (Црвен Камен), Ара Љацит, Крој Кусарет, Гури Џутет, Крој, Елинакет, Круш Крој, Печит и Ворете Мла (Стари Гробишта).[4]
Под селото се наоѓа Радичев Мост.[4]
До 1912 година, во селото постоеле маалата Дарда Маде, Крој Фтојет, Мула Хумбел и Кула е Рендити. Некогаш, селото имало разбиен тип и едно маало се наоѓало дури и на левиот брег на реката.[4]
Во XIX век, Ничпур било село во Реканската каза на Отоманското Царство.
Пред Балканските војни во 1912 година, селото имало околу 200 домови. Многу муслимани се иселиле во 1918 година во Мала Азија, додека христијаните во Гостивар и во Скопје.[4]
Селото во тоа време било од разбиен тип, а се собрало на едно место за полесна одбрана од арнаутските пљачкања.[4]
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[5]
Атарот на селото зафаќа простор од 12,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина 1.153 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 60 хектари, додека на пасиштата само 45 хектари.[3]
Селото, во основа, има шумарска функција.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ничпур било село со 60 домаќинства и 159 жители.[6]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ничпур живееле 470 жители, сите Албанци, од кои 250 христијани и 220 муслимани.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ничпур имало 192 жители.[8]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ничпур се води како чисто албанско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 72 куќи.[9]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци и 50 Албанци.[10]
Селото е мало, доведено во фаза на раселување. Така, во 1961 година селото броело 52 жители, од кои 29 биле Албанци, а 22 Македонци. Во 1994 година, бројот се намалил на 16 жители, од кои 15 биле Албанци и 1 жител Македонец.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 13 жители, од кои 1 Македонец и 12 Албанци.[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, сите Албанци.
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Ничпур:
Година | Македонци | Албанци | Срби | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | 48 |
1953 | 18 | 25 | 4 | 1 | 48 |
1961 | 22 | 29 | 1 | 0 | 52 |
1971 | 2 | 19 | 0 | 1 | 22 |
1981 | 5 | 13 | 0 | 0 | 18 |
1991 | 3 | 15 | 0 | 1 | 19 |
1994 | 1 | 15 | 0 | 0 | 16 |
2002 | 1 | 12 | 0 | 0 | 13 |
2021 | 0 | 5 | 0 | 0 | 5 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Во Ничпур живеело мешано население, сите староседелци. Според записите на Томо Смилјаниќ - Брадина на почетокот на XX век во Нистрово живееле следниве родови:[4]
Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Маврови Анови, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Ростуша, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на истата општина се наоѓало и во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Трница, во која покрај Ничпур се наоѓале Беличица, Бибање, Богдево, Бродец, Волковија, Врбен, Грекање, Жужње, Кичиница, Кракорница, Нивиште, Нистрово, Рибница, Сенце и Тануше. Во периодот 1950-1952 година, селото било во рамките на Општина Кракорница, во која влегувале селата Богдево, Бродец, Кракорница и Ничпур.
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0479 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на хидроцентрала „Маврово“ во селото Богдево. Во избирачкото место влегува и селото Кракорница.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[13]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.