Никунау
From Wikipedia, the free encyclopedia
Никунау (кирибатски: Nikunau) е низок атол во Гилбертовите Острови во Кирибати. Покрај тоа, атолот го сочинува и истоимениот округ. Островот е составен од два дела кои се поврзани со проток кој е широк 150 метри.
На островот се наоѓаат неколку солени затворени лагуни, кои вкупно имаат 0.3 км2. Островот е опколен од гребен. Островот бил посетен од Џон Бајрон на 2 јули 1765 година и во негова чест тогаш островот бил наречен Бајронов Остров. Вкупното население на островот е околу 3.000 жители.