Нигерија на Олимписките игри
From Wikipedia, the free encyclopedia
Нигерија првпат учествувала на Олимписки игри во 1952 година, и има испратено спортисти на сите Летни олимписки игри оттогаш, со исклучок на бојкотираните игри во 1976 година. Тие никогаш не се натпреварувале на Зимските олимписки игри.
Нигерија на Олимписките игри | ||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||
Олимписка историја | ||||||||||||
Летни олимпијади | ||||||||||||
|
Нигериските спортисти имаат освоено вкупно 23 медали, повеќето во атлетика и бокс. Фудбалската репрезентација го осовоила златниот медал во 1996 година. Во 2008 година, по одлуката на МОК да им го одземе медалот на САД од екипата на 4 x 400 метри откако Антонио Петигру ја признал употребата на забранети дроги, нигеријците биле наградени со златниот медал.[1][2] Нигерија исто така има освоено медал во теквондо во тешка категорија на игрите во 1992, но бидејќи ова било само приказен спорт, сребрениот медал на Емануел Огенеџобо не се сметал за официјална победа.[3]
Нигерискиот олимписки комитет, националниот олимписки комитет на Нигерија, бил создаден во 1951 година.