Неферкауре
From Wikipedia, the free encyclopedia
Неферкауре — фараон на Стар Египет за време на првиот среден период. Според Кралскиот список од Абидос и најновата реконструкција на Торинскиот канон од страна на Ким Рихолт, тој бил 15-ти крал на Осмата династија.[1] Ова мислење го делат египтолозите Јирген фон Бекерат, Томас Шнајдер и Дарел Бејкер.[2][3] Како фараон на Осмата династија, седиштето на Неферкауре бил градот Мемфис[4] и тој можеби немал власт над целиот Египет.
Кратки факти Неферкауре, Фараон на Египет ...
Неферкауре | |||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Неферкавре, Ка[бау?] | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Картуш на Неферкауре од Кралскиот список од Абидос. | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Фараон на Египет | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Владеел | 4 години, 2 месеца, околу 2160 г. п.н.е., Осма династија | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Претходник | Какаре Иби | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Наследник | Неферкаухор | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Владетелски звања
|
Затвори