Непобедливо Сонце
римско сончево божество / From Wikipedia, the free encyclopedia
Непобедливо Сонце (латински: Sol Invictus) — официјален бог на Сонцето во Римското Царство и заштитник на војниците. Во 274 г. римскиот цар Аврелијан го претворил во официјален култ, покрај останатите римски култови. Научниците не се согласуваат во поглед на тоа дали божеството е древен латински култ кон Сонцето,[1] оживување на култот кон Елагабал[2] или нешто сосема ново.[3] Богот е обожуван од царевите по Аврелијан, и се појавува н монети сè до Константин I.[4] Последниот запис кој зборува за Непобедливото Сонце потекнува од 387 г.,[5] а во V век имало толку многу приврзаници, што Свети Августин сметал дека е неопходно да зборува против нив.[6]
Идејата која била популарна во XVIII и XIX век, дека 25 декември е избран ден за Божик поради тоа што на тој ден се одржувал римскиот фестивал „Dies Natalis Solis Invicti“ (Роденденот на Непобеденото Сонце), била негирана од црквата.[7] Поинакво објаснување за совпаѓањето на датумите се сметало за „академска хипотеза“.[8] И двете теории имаат свои приврзаници.[9][10][11]