Нели (рапер)
американски рапер и пејач / From Wikipedia, the free encyclopedia
Корнел Ајрал Хејнс Помладиот[1] (англиски: Cornell Iral Haynes Jr.; роден: 2 ноември 1974),[1] познат по неговото естрадно име Нели (англиски: Nelly) ― американски рапер, глумец и претприемач. Кариерата ја започнал во 1993 година во хип-хоп групата St. Lunatics. Во 1999 година потпишал договор со Universal Records со која објавил 7 студиски албуми. Со албумите Country Grammar, Nellyville, Sweat and Suit, Нели станал еден од комерцијално најуспешните рапери.
Нели | |
---|---|
Нели во 2007 | |
Роден(а) | Корнел Ајрал Хејнс Помладиот 2 ноември 1974(1974-11-02) (49 г.) Остин (Тексас), САД |
Занимање |
|
Активен период | 1993–денес |
Партнер | Ашанти (2003–2014, 2023–денес) |
Деца | 4 (2 свои, 2 посвоени) |
Страница realnelly.com |
Во текот на неговата кариера Нели освоил повеќе признанија меѓу кои: три Греми награди и девет музички награди од Билборд. Во 2005 година, глумел во римејкот „Најдолгиот јард“, заедно со Адам Сендлер и Крис Рок. Има две линии на долна облека, Vokal и Apple Bottoms. Питер Шапиро го нарекувал „една од најголемите ѕвезди од новиот милениум“,[2] а во 2014 година RIAA го рангирала Нели на четврто место меѓу хип-хоп музичарите со најмногу продадени албуми во американската музичка историја.[3] Во декември 2009 година, Билборд го ставил Нели на трето место на списокот на „Топ-уметници на деценијата“ за 2000-тите.[4]