From Wikipedia, the free encyclopedia
Нели Владимировна Ким (родена на 29 јули 1957 г.) — поранешна советска гимнастичарка која освоила три златни медали и еден сребрен на Летните олимписки игри 1976 во Монтреал, и два златни медали на Летните олимписки игри 1980. Таа била втора гимнастичарка во Олимписката историја која добила совршена оцена 10 во дисциплината прескок и прва во дисциплината партер, натпреварувајќи се против Надја Команечи, Људмила Туришчева, и други врвни гимнастичарки во 1970-тите. Нели Ким работела како тренер долго време, тренирајќи неколку национални екипи, и судела на голем број големи меѓународни натпреварувања. Како претседател на женскиот технички комитет при Меѓународната гимнастичка федерација, таа го координира воведувањето на нови правила во женската гимнастика. Нејзините гимнастички настапи се запаметени по „нејзиниот силен женствен, темпераментен и харизматичен шарм“.[1]
Нели Ким | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Полно име | Нели Владимировна Ким | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден(а) | 29 јули 1957 Шураб, Таџичка ССР, СССР | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Земја | СССР | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | Гимнастика | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Повлечен(а) | 1980 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Освоени медали
|
Нели Ким е родена во Шураб, Таџичка ССР, СССР. Нејзиниот татко, Владимир Ким, е сахалински кореец, а нејзината мајка, Алфија Сафина е татарка. Подоцна семејството се преселило во Казашката ССР, каде нејзиниот татко работел во градот Шимкент во фабрика за плочи. На 9-годишна возраст, таа започнала да се школува во спортското училиште во Шимкент[2][3] кое било во склоп на спортското друштво Спартак. Нејзиниот помлад брат Александар и нејзината сестра Ирина, исто така се запишале во гимнастичкото училиште и тренирале некое време.
Тренери на Ким биле Владимир Баидин и неговата сопруга, Галина Баркова. Првично, таа немала доволна флексибилност во споредба со многу од нејзините колешки, но таа набрзо успеала да го надомести тоа со извонредна техника и со тежината на вежбите. Таа за брзо време станала најдобра во советската гимнастика.
Еден од најраните успеси на Ким бил победата во републикото натпреварување на Спартак, одржано во Шимкент во 1969 година. Сепак, една година подоцна славната гимнастичарка Лариса Латинина за неа изјавила дека „нема иднина“.[4] По тоа мислење, Ким била близу да се откаже од гимнастиката но продолжила со поддршка од Балдин. На јуниорското првенство на СССР во 1971 година, нејзиното прво државно првенство, таа го освоила 5. место во повеќебој. Нејзините први јуниорски и сениорски успеси таа ги остварила две години подоцна. Таа ја освоила титулата во повеќебој и други два златни медали на советските младински спортски игри, го освоила 8. место во повеќебој и 1. место во дисциплината двовисински разбој на купот на СССР и го освоила престижниот Чуничи куп во Јапонија. По освојувањњто на 2.место на купот на СССР во август 1974 година, таа била додадена во советската екипа за Светското првенство 1974, одржано во октомври во Варна, на кое Ким го освоила својот прв меѓународен златен медал, во екипниот повеќебој.
Таа од своите советски колешки и од советските тренери била нарекувана по прекарот „Киманели“"[2]
Нали Ким станала една од главните фаворити за освојување на медал на престојните Олимписки игри и водач на советската екипа по канадското пред-олимписко натпреварување. На ова тест натпреварување таа го освоила второто место во повеќебој веднаш зад Надја Команечи, но освоила три златни медали во финалните дисциплини (прескок, греда и партер), додека Команечи победила на двовисинскиот разбој. Лариса Латинина, која веќе претходно го променила своето мислење за Ким, го опишала нејзиниот гимнастички стил како блескав и радосен. Таа исто така цитирала коментар од канадски весник за настапот на Ким: „Постојат моменти, кога природната насмевка вреди повеќе од победата“. Меѓутоа, иако Ким победила на купот на СССР во 1976 година, победувајќи го попознатите колешки Олга Корбут и Људмила Туришчева, тие сè уште биле сметани за водачи од страна на медиумите. Дури и Советот на тренери на советската екипа не ја дефинирал Ким како водач. Тоа било грешка која била призната од советските експерти подоцна.[2]
На Летните олимписки игри 1976 соперништвото помеѓу Нели Ким и Надја Команечи станало фокусна точка на женските натпревари во гимнастика. Колешките на Ким, Људмила Туришчева и Олга Корбут, кои биле олимписки шампионки од игрите во Минхен, биле надминати од двете ѕвезди во подем во Битката за златните медали. Нели Ким освоила три златни медали, еден во екипното натпреварување и два во финалните дисциплини: прескок и партер. Музиката за нејзината вежба на партер, кореографирана од Валентина Косолапова, била жестока самба, во која бил изведен елементот двоно салто наназад за првпат во женските олимписки натпревари. Ким исто така го освоила сребрениот медал во повеќебој, добивајќи совршена оцена 10 за цукахара прескокот со целосно завртување, кој исто така бил изведен за првпат во Олимписката историја. Таа добила пофалби за нејзината женска убавина и екстравагантниот, грациозен и интензивен стил.[4] Команечи ги освоила златните медали во повеќебој, двовисински разбој и греда.
По игрите во Монтреал, Нели Ким се преселила во Белоруската ССР и се приклучила на спортското друштво Вооружени сили во Минск. Две години подоцна, Ким успешно настапила на Светското првенство 1978 во Стразбур. Таа ги освоила златните медали во прескок, партер и во екипниот повеќебој, и го освоила сребрениот медал во поединечниот повеќебој зад Елена Мухина. На Светското првенство 1979 во Форт Ворт, таа станала светска шампионка во повеќебој, победувајќи ги Макси Гнаук, Мелита Рун и колешката Марија Филатова.[5]
Во 1980 година, таа ја освоила титулата во повеќебој на државното првенство на СССР и успешно настапила на Летните олимписки игри 1980 во Москва, кој бил нејзино последно натпреварување. Таа била изедначена за златниот медал со Команечи на партер и го освоила златниот медал со советската екипа во екипниот повеќебој.[6]
Во 1999 година, таа била примена во Меѓународната гимнастичка куќа на славни.[7]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.