Негрево
село во Општина Пехчево From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Пехчево From Wikipedia, the free encyclopedia
Негрево — село во Општина Пехчево, во областа Малешевија, во околината на градот Пехчево.
Негрево | |
Панорамски поглед на Негрево | |
Координати 41°46′59″N 22°49′59″E | |
Регион | Источен |
Општина | Пехчево |
Област | Малешевија |
Население | 45 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2326 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 01006 |
Надм. вис. | 965 м |
Негрево на општинската карта Атарот на Негрево во рамките на општината | |
Негрево на Ризницата |
Селото се наоѓа во областа Малешевија, во горното сливно подрачје на реката Брегалница, во средишниот дел на територијата на Општина Пехчево, недалеку од градот Пехчево.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.020 до 1.080 метри. Од градот Пехчево е оддалечено 3 километри.[2]
Атарот зафаќа простор од 19,7 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 524 хектари, на пасиштата отпаѓаат 757 хектари, а на шумите 473 хектари.[2]
Асфалтниот пат до селото бил обновен во текот на 2014 година, кој се двои од регионалниот патен правец Пехчево-Делчево.[3]
Во XIX век, Негрево било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]
Во минатото, во Негрево работел погон на „Лозар“ од Пехчево за производство на ракија.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Негрево имало 315 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Негрево имало 400 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[6]
Поради иселување на дел од населението, Негрево преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година селото имало 411 жители, а во 1994 година 170 жители, сите Македонци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Негрево живееле 97 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 45 жители, од кои 44 Македонци и 1 останат.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 315 | 400 | 416 | 435 | 411 | 356 | 280 | 200 | 170 | 97 | 45 |
Селото влегува во рамките на Општина Пехчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пехчево.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Пехчево, во која влегувале градот Пехчево и селата Чифлик и Негрево.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Пехчевска градска општина, во која покрај селото Негрево се наоѓале градот Пехчево и селата Будинарци, Митрашинци, Робово, Умлени, Црник и Чифлик.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
Во селото постои избирачко место бр. 0017 според Државната изборна комисија, кое е сместено во задружниот дом.[14]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 68 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 66 гласачи.[16]
Училишната зграда во селото била одбрана како средишна зграда за новиот образовен центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион. За таа цел зградата на поранешното основно училиште била целосно обновена. Проектот бил целосно поддржан од Програмата за зачувување на природата во Македонија, финансирана од страна на Швајцарската агенција за соработка и развој.[12]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.