Нацистичка Австрија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Нацистичка Австрија ― периодот откако територијата на Австрија станала дел од Германија, почнувајќи од 13 март 1938 година (настан познат како Поврзување (германски: Anschluss)) до 27 април 1945 година, кога на австриската територија, која била заземена од сојузниците, била прогласена независност од Германија.
Земја Австрија (1938–1940) Land Österreich Рајхсгауе на Остмарк (1940–1942) Reichsgaue der Ostmark Алпско и Дунавско Рајхсгауе (1942–1945) Alpen- und Donau-Reichsgaue | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1938–1945 | |||||||||
Химна: Deutschlandlied Предложена: Германски подем. Фестивална песна ("Deutsche Auferstehung. Ein festliches Lied") | |||||||||
Статус | Административна поделба на Нацистичка Германија | ||||||||
Главен град | Голема Виена (де факто) | ||||||||
Говорени јазици | Германски | ||||||||
Демоним(и) | Австриец | ||||||||
Рајх комисар | |||||||||
• 1938–1940 | Јозеф Биркел | ||||||||
Рајхсштатхалтер | |||||||||
• 1938–1939 | Артур Зајс-Инкварт | ||||||||
• 1939–1940 | Јозеф Биркел | ||||||||
• 1940–1945 | Балдур фон Ширах | ||||||||
Историски период | Меѓувоен период / Втора светска војна | ||||||||
• Аншлус | 13 март 1938 | ||||||||
15 март 1938 | |||||||||
• Избори | 10 април 1938 | ||||||||
• Закон за Остмарк | 14 април 1939 | ||||||||
• Освојување на Виена | 13 април 1945 | ||||||||
• Декларација за Независност | 27 април 1945 | ||||||||
• Независност од Германија | 8 мај 1945 | ||||||||
Валута | Рајхсмарка (ℛℳ) | ||||||||
|
Војниците на нацистичка Германија кои влегле во Австрија во 1938 година добиле ентузијастичка поддршка од поголемиот дел од населението.[1] Во текот на Втората светска војна, 950.000 Австријци се бореле за нацистичките германски вооружени сили . Други Австријци учествувале во нацистичката администрација, од персонал на нацистичкиот логор на смртта до високото нацистичко раководство; мнозинството од бирократите кои го спровелеа Конечното решение биле со австриско потекло.[2][3]
По Втората светска војна, многу Австријци барале утеха во митот за Австрија како прва жртва на нацистите.[4] Иако Нацистичката партија била веднаш забранета, Австрија го немала истиот темелен процес на денацификација каков што бил наметнат на повоена Германија. Немајќи притисок од надвор за политички реформи, фракциите на австриското општество долго време се обидувале да го унапредат ставот дека Аншлус е само наметнување на владеење од нацистичка Германија.[5] До 1992 година, темата на малото малцинство кое формирало австриски отпор, наспроти огромното мнозинство Австријци кои учествувале во нацистичката воена машина, станало истакнато прашање на јавниот дискурс.[6]
На израелскиот Кнесет во 1993 година, австрискиот канцелар Франц Враницки ја признал заедничката одговорност на Австријците за нацистичките злосторства.[7]