Находка (руски: Находка) е град во Русија во Приморска Покраина. Според пописот на население од 2010 година во градот живееле 159.695 жители.

Кратки факти Nakhodka Находка, Држава ...
Nakhodka
Находка
Град[1]
Thumb
Поглед од Накхотка
ThumbThumb
ДржаваРусија
Федерален субјектПриморски крај[1]
Основан во1864Уреди википодатоци
Градски статус одМај 18, 1950
Управа
  LeaderОлег Колиадин
Надм. вис.&100000000000000080000008 м
Население (попис 2010)[2]
  Вкупно159.719
  Ранг110 во 2010
Час. појас[3] (UTC+10)
Поштенски бр.[4]690890, 692900–692906, 692909–692911, 692913, 692914, 692916–692924, 692926, 692928–692930, 692939–692941, 692943, 692952–692954, 692956
Повик. број.+7 4236
Мреж. местоnakhodka-city.ru
Затвори

Находски Залив, каде се сместил денешниот град, го открила руската корвета во 1859 година, барајќи засолниште поради бурата која надоаѓала. Според тоа, името на градот Находка на руски јазик означува „откритие“.

До 1950 година, тоа било мало рибарско место. Сето тоа се сменило кога советската влада го сменила статусот на Владивосток, одлучувајќи да има база таму во која ќе биде сместена руска тихоокеанска флота. Владивосток бил затворен за странци и странски бродови. Така, од 1950 до 1991 година, Находка бил главното пристаниште на Русија на Далечниот Исток.

Градот Находка брзо растел. Бројните згради во него датираат од 50-ти години на минатиот век, кога јапонските воени заробеници биле користени како принудна работна снага за изградба на стамбени згради за работниците кои работеле на пристаништето. Економијата на градот се засновала на пристаништето и сродните активности, како што се преработка на риба и конзервирање. Во овој период, Находка процветал. Врвот бил во 1970-ти и 1980-ти, кога градот бил добро одржуван, бидејќи тоа било единственото руско пристаниште на Далечниот Исток отворено за странци. Исто така, градот служел како источен терминал за патничкиот дел од Транссибирската железница.

Thumb
Панорама на заливот

Со отворањето на Владивосток за странци, за Находка започнало лошо време, бидејќи го изгубила првичното значење. Девалвацијата на руската рубља како резултат на азиска економска криза во 1998 година ѝ зададе уште поголем удар на Находка. Економското закрепнување настанува откако централната влада во Москва и покраинската влада во Владивосток одлучија да ја отворат областа за странски инвестиции, прогласувајќи ја Находка за слободна економска зона. Според пописот на население во 2010 година, во градот живееле 159.719 жители.

Население

Според прелиминарните податоци од пописот, од 2010 година, во градот живеело 159.695 житела, 10.869 (7,30%) повеќе од 2002 година.

Партнерски градови

  • Оукланд
  • Пукет

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.