Научник
From Wikipedia, the free encyclopedia
Научник — личност која преку систематски активности се стекнува знаења. Во поограничена смисла, научник може да се однесува на поединец кој користи научни методи. Личноста може да биде стручна во едно или повеќе полиња од науката. Во оваа статија е за потесната смисла на зборот научник. Научникот спроведува изртражувања за поподробно разбирање на природата, вклучувајќи физички, математички и општествении подрачја.
Филозофијата е далечна активност која начелно не се смета за наука. Филозофите целат да обезбедат сеопфатни сфаќања од нематеријални аспекти од реалноста и искуствата што не можат физички да бидат измерени.
Научниците се разликуваат од инженерите, оние кои осмислуваат, градат и одржуваат уреди за одредена ситуација, но сепак ниту еден инженер не може да се стекне со титулата без сериозно изучување на науката и научниотт метод. Кога научник има за цел да изготви алатка за практична примена, станува збор за применета наука. Применет научник не мора да нешто со практична употреба, но сепак да спроведува истражувања со цел на развој на нови технологии и практични методи. Кога научникот опфаќа во својата работа не опипливи аспекти од реалноста станува збор за природна филозофија.