Наука
From Wikipedia, the free encyclopedia
Наука — систем кои ги гради и организира знаењата во облик на проверливи објаснувања и предвидувања за универзумот.[nb 1] Во постарите и блиско поврзаните значења, „наука“ се однесува на самиот систем на знаење, на видот на кои може рационално да се објасни и примени. Уште од класичната антика, науката како тип на знаење била близу поврзана филозофијата. На запад за време на раниот современ период зборовите „наука“ и „филозофија на природата“ понекогаш биле користени наизменично,[2]:p.3 и сè до XIX век природна филозофија (која денес се нарекува „природна наука“) се сметала за гранка на филозофијата.[3]
Во современата употреба сепак, „наука“ најчесто како поим се однесува за начинот на стекнувањето на знаењето, а не само на знаењето. И честопати се однесува само на оние гранки кои се обидуваат да ги изучат и објасант појавите во материјалниот универзум.[4] Во текот на XVII и XVIII век научниците со зголемен интерес се обидувале да го објаснат знаењето со помош на законите на природата. Во текот на XIX век, зборот „наука“ зголемено се поврзува со самиот научен метод, како дисциплински начин за изучување на природниот свет, преку физиката, хемијата, геологијата и биологијата. Токму во XIX век во употреба се внесува и поимот научник за оние кои биле во потрага по знаењето и сакале да го разберат начинот на кој функционира природата.[5] Сепак, поимот „наука“ исто така продолжил да се во поширока смисла за да се одбележи поткрепливоста и учливоста на знаењето за одредена тема, на начин кој може да се забележи во современите поими како библиотечна наука или компјутерска наука. Ова исто така се сретнува и во имињата на некои области на академското изучување на пример како што се социјална наука и политичка наука.