From Wikipedia, the free encyclopedia
Народна монархија - систем на монархиско уредување каде титулата на монархот е во потесна врска со народот, а не со унитарната држава. Во некои земји тоа бил вообичаениот вид на уредување (како на пр. во Шкотска) уште од средниот век, а во некои Европски земји се јавила дури во XIX и XX век, честопати како резултат на народни револуции. Моментално Белгија е единствената земја која е официјална народна монархија. За царот на Јапонија индиректно се подразбира дека е народен владетел, бидејќи денешниот Устав на Јапонија вели дека суверенитетот лежи во народот.
Земја | Титула | Белешки |
---|---|---|
Свето Римско Царство | Крал на Римјаните | Едно од звањата на царот |
Кралство Хрватска | Крал на Хрватите | подоцна проширено во Крал на Хрватите и Далматинците |
Кралство Португалија | Крал на Португалците | Првиот португалски крал, Алфонсо Енрикес, се нарекувал Крал на Португалците за да се памети дека бил избран на бојното поле од неговите соработници и поданици; нивните потомци пак, наместо ова ја користеле титулата Крал на Португалија. |
Кралство Франција | Крал на Французите | Употребувана од Луј XVI од 1791 до 1792, и од Луј-Филип од 1830 до 1848. |
Француско Царство | Цар на Французите | Користена од Наполеон I, Наполеон II (но само за кратко и само церемонијално), и Наполеон III. |
Кралство Белгија | Крал на Белгијците | Во употреба од уставната заклетва на Леополд I во 1831. Белгиската народна монархија денес е единствената останата монархија од ваков вид. |
Кралство Грција | Крал на Елините | Во употреба од 1863 до укинувањето на монархијата во 1967. |
Германско Царство | Германски цар | Во употреба од 1871 до 1918. |
Кралство Југославија (СХС) | Крал на Србите, Хрватите и Словенците | Во употреба од 1918 до 1929, кога титулата се променила во Крал на Југославија. |
Албанско Кралство | Крал на Албанците | Го употребувал кралот Зог I од 1928 до 1943. |
Кралство Романија | Крал на Романците | Во употреба од 1881 до 1947. |
Кралство Шкотска | Крал на Шкотите | Ова звање станало поретко кога Џејмс VI го наследил англискиот престол, и затоа се нарекол Крал на Велика Британија. Со Унитарниот акт од 1707 г., шкотскиот престол се укинува како засебен, независен ентитет. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.