![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/20/Serbia%252C_Belgrade_-_National_Theatre%252C_01.04.2011.jpg/640px-Serbia%252C_Belgrade_-_National_Theatre%252C_01.04.2011.jpg&w=640&q=50)
Народен театар (Белград)
театар во Белград, Србија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Народен театар во Белград (српски: Народно позориште у Београду / Narodno Pozorište u Beogradu) — театар основан во втората половина на XIX век. Се наоѓа на Плоштадот на Републиката, во центарот на Белград, Србија. Со издигнувањето на оваа градба, како и воведувањето на градскиот план од Јосимовиќ[1] од 1867 година, биле создадени условите за настанување на денешниот плоштад. Изграден во 1868 година, Народниот театар, ја имал судбината на својот народ и држава, минувајќи низ различни фази на архитектонски и уметнички развој, преживувајќи како симбол на српската култура, традиција и духовност. Денес, под негов покригв, се наоѓаат три уметнички ансамбли — опера, драма и балет.
Народен театар во Белград | |
---|---|
![]() | |
Зградата на Народниот театар во Белград | |
Адреса | Француска 3 |
Град | |
Земја | Србија |
Архитект | Александар Бугарски |
Отворен | 1869 |
Годишна активност | 1868 — денес |
Реновиран | 1912, 1922, 1941, 1965, 1989 |
www.narodnopozoriste.rs |
Зградата на Народниот театар била прогласена за споменик на културата од големо значење во 1983 година и е заштитена од државата.[2]