Наредбено множество
дел од сметачката архитектура / From Wikipedia, the free encyclopedia
Наредбено множество, или архитектура на наредбено множество (ISA) — дел од сметачката архитектура поврзана со програмирање, што содржи команди кои се разбирливи за една сметачка архитектура. Наредбеното множество е збирот на сите зборови кои се користат за да се даде команда на хардверот на еден сметач.
ISA вклучува и примитивни типови на податоци, наредби, регистри, адресни модови, мемориска архитектура, прекини и справување со исклучоци, и надворешни В/И.
Архитектура на наредбено множество вклучува спецификација на множеството на код-операции/opcodes (машински јазик) и примитивните команди имплементирани од одреден обработувач.
Архитектура на наредбено множество всушност е еден дел од сметачот кој е видлив за програмерот и пишувачот на компајлер. Наредбеното множество е интерфејсот помеѓу сметачкиата програмска опрема и неговата машинска опрема, и така го овозможува независниот развој на овие две сметачки сфери.