Напад на фудбалската репрезентација на Того
From Wikipedia, the free encyclopedia
Напад на фудбалската репрезентација на Того — терористички напад врз автобусот на репрезентацијата кој се случил на 8 јануари 2010 година, кога екипата патувала кон Ангола на Африкански куп на наците, 2010 кои започнале на 11 јануари 2010 година.[1] Нападот бил извршен од страна на Фронтот за ослободување на Кабинда, терористичка и сепаратистичка организација, која истиот ден ја презела одговорноста за нападот.[2] Во нападот биле убиени возачот на автобусот, менаџерскиот асистент Абало Амелете и медиумскиот известувач Станислас Окло, а неколку други пак биле повредени.[3]. Генералниот секретар на организацијата, Родригеш Мингаш, кој моментално се наоѓа во Франција, тврдел дела целта на нападот не биле фудбалерите од Того, туку против анголските вооружени сили кои биле покрај конвојот.[4] Властите објавиле дека се уапсени двајца осомничени за нападот.[5]