Намиб
пустина во Африка From Wikipedia, the free encyclopedia
пустина во Африка From Wikipedia, the free encyclopedia
Намиб е крајбрежна пустина во јужна Африка.Според пошироката дефиниција за границите на пустината, таа е протега на повеќе од 2000 километри покрај атлантскиот брег на Намибија, но и Ангола и ЈАР. Северно почнува од јужните предели околу реката Карунџамба во Ангола, продолжува низ цела Намибија и завршува кај реката Олифантс во ЈАР.[1][2][3] Најсеверниот дел на пустината, што е од реката Карунџамба па сè до анголско-намибиската граница е познат како пустина Мосамедес (околу 450 км во должина).Јужните делови на пустината се спојуваат во соседната пустина Калахари. Од атлантскиот брег па источно пустината постепено достигнува до 200 во внатрешноста на континетот.[1] Годишните врнежи се од 2 мм во најпустинските предели па сè до 200 мм во некои сртови, што ја прави пустината Намиб единствена вистинска пустина во јужна Африка.[1][3][4] Овој регион издржал пустинска и полупустинска клима во минатите 55 до 80 милиони години, што ја прави пустината најстара во светот.[1][4]
Намиб | |
---|---|
Namib | |
Сателитска снимка на пустина Намиб во Намибија. | |
Приближни граници на пустината. | |
Должина | 2000 км |
Ширина | 200 км |
Површина | 81000 км2 |
Географија | |
Земја | Намибија, Јужноафриканска Република и Ангола |
Реки | Список
|
Светско наследство на УНЕСКО | |
Службен назив | Namib Sand Sea |
Критериум | Natural: vii, viii, ix, x |
Навод | 1430 |
Запис | 2013 (XXXVII заседание) |
Површина | 3,077,700 ha |
Преоден појас | 899,500 ha |
Пустинската геологија се состои од ергови во близина на брегот, а во внатрешноста има расштркани планини и рамнини. Песочните дини, од кои некои се високи и до 300 метри и долги 32 километри, се вторите најголеми во светот, по тие во Бадин Џаран во Кина.[1] Температурите покрај брегот се стабилни и се помеѓу 9–20 °C (48–68 °F) годишно, а ви внатрешноста варираат. Дневните летни температури поминуваат и 45 °C (113 °F) додека ноќе се дури и до смрзнувачки.[5]
Намиб е скоро ненаселена од луѓе, освен некои малк населби и староседелски групи, меѓу кои Химбанци и Херерци во северниот дел, и Наманци во централниот.[3] Поради староста, Намиб е дом на ендемски видови растенија и животни, најмногу од која било друга пустина во светот.[5] Повеќето од дивиот свет се антроподи и други мали животни кои живеат со многу мала количина вода, а во северниот дел може да се најдат и покрупни видови на животни.[5]
Името „Намиб“ потекнува од наманскиот јазик, што во превод значи „распространето место“.