Нагасаки
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Нагасаки (јап. 長崎市) — град во Јапонија во перфектурата Нагасаки. Се наоѓа на југоисточниот брег на островот Кјушу. Според попусот на населението од 2005 година во градот живееле 442,624 жители.
Нагасаки 長崎 | ||
---|---|---|
Core city | ||
長崎市 · Nagasaki City | ||
Nagasaki's waterfront area | ||
Location of Nagasaki in Nagasaki Prefecture | ||
Координати: 32°47′N 129°52′E | ||
Земја | Japan | |
Region | Kyushu | |
Prefecture | Nagasaki Prefecture | |
District | N/A | |
Управа | ||
• Mayor | Tomihisa Taue (2007-) | |
Површина | ||
• Вкупна | 406,35 км2 (15,689 ми2) | |
• Земјишна | 241,20 км2 (9,310 ми2) | |
• Вода | 165,15 км2 (6,376 ми2) | |
Население (January 1, 2009) | ||
• Вкупно | 446.007 | |
• Густина | 1.100/км2 (3,000/ми2) | |
Час. појас | Japan Standard Time (UTC+9) | |
- Tree | Chinese tallow tree | |
- Flower | Hydrangea | |
Phone number | 095-825-5151 | |
Address | 2-22 Sakura-machi, Nagasaki-shi, Nagasaki-ken 850-8685 | |
Мреж. место | www1.city.nagasaki.nagasaki.jp |
На градот на 9 август 1945 година била фрлена атомска бомба, која усмртила веднаш 39,000 луѓе, а за 75,000 се верува дека починале накнадно од здобиеното зрачење.
Градот во Јапонија бил центар преку која Јапонија во средниот век била во контакт со надворешниот свет. Затоа и бил најголем католички град на Јапонија, до забраната на католицизмот.
Властелинот (дајмјо) од католичка вероисповед во 1568 г. основал пристаниште во Нагасаки. Португалците веќе во 1571 година го користат истото. Пристаништето во 1579 година било предадено на језуитската администрација. Градот во Јапонија стана језуитска колонија, а пристаништето под админситративна и воена команда на језуитите.
Тојотоми Хидејоши во 1587 година пристигнал на Кјушу во својата кампања за обединвуање на Јапонија. Тој забележал преголемо католичко влијание во јужниот дел на Јапонија, а посебно активно и арогантвно влијание на језуитите. Хидејоши наредил да се протераат сите мисионери и градот да се стави под негова контрола. Меѓутоа тоаа наредба била доста слабо спроведена, така да населението на Нагасаки останало католичко.
Кога во 1596 година Хидејоши дознал од еден навигатор на шпански брод дека претстои инвазија на Шпанци и Португалци во Јапонија тој убил 36 католици во Нагасаки.
Кога Токугава Ијејасу ја презел бласта бил толерантан, бидејќи му помогнале многу Јапонци кои биле католици, посебно католичките даимјо самураи. Во Шиманара побуната во 1637 година учество зеле многу селани католици. Токугава сметал дека Португалија стои зад самураите и селаните и ги протерал сите Португалци од Јапонија, а католицизмот го забранил како религија.
Наместо Португалците била прифатена трговија со Холанѓаните, бидејќи не се католици. Холанѓаните ја презеле трговијата на Јапонија со целиот свет. Во 1720 година било овозможено проучување на холандскиот јазик и користење на холандсски книги, така да Нагасаки станал главен центар на изучување на европската наука и уметност.
На 9 август 1945 година во 11:02 на Нагасаки била фрлена атомска бомба, која одмах усмртила 39,000 луѓе, а за 75,000 се смета дека починале накнадно од задобивање на зрачењето. Тоа била втора атомска бомба фрлена на Јапонија. Бомбата имала сила од 22 килотони ТНТ и била имплозиона плутониоумова бомба.
Мета за нападот бил Кокура, но затоа што било облачно земена е втората мета од листата, а тоа бил градот Нагасаки. Иако бомбата била фрлена појака од онаа на Хирошима, поради планинскиот терен разорувањето било многу помало од онаа во Хирошима.
Градот во Јапонија поново бил изграден по војната. Нагасаки останал пристанишки град со силна бродоградилишна индустрија.
Според податоците од пописот од 2005 година, во градот живееле 442,624 жители.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.