From Wikipedia, the free encyclopedia
Мјелец (полски: Mielec) — град кој во Поткарпатското Војводство, Полска, седиште на Мјелечкиот округ. Има население од 60.979 жители според податоците од 2009 година[1]. Мјелец е седиште на истоимениот регион.
Мјелец | |||
---|---|---|---|
Дворец Оборски | |||
Координати: 50°17′N 21°26′E | |||
Земја | Полска | ||
Војводство | Поткарпатско | ||
Округ | Мјелечки | ||
Општина | Мјелец | ||
Основање | 1229 | ||
Градски статус | 1470 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Даниел Кождеба | ||
Површина | |||
• Вкупна | 47,36 км2 (1,829 ми2) | ||
Население (2007) | |||
• Вкупно | 62.173 | ||
• Густина | 13/км2 (34/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски код | 39-300 to 39-303, 39-323 | ||
Повик. бр. | +48 17 | ||
Регистарски таблички | RMI | ||
Мреж. место | http://www.mielec.pl |
Првото спомнување на местото наречено Мјелец било во 1229 година во булата на папа Григориј IX. Во втората половина на 14 век, градот бил споменат во список на црковните општини. Градот Мјелец како дел од Сандомјешкото Војводство, бил основан на 17 март 1457 година кога кралот Касимир IV му издал повелба на Јан Миелечки за основање на град под името Нови Тарг. Од непознати причини, Јан Мјелечки не заминал кон градот, туку тој подоцна бил основан од страна на неговите двајца синови, Јован и Бернард, со акт од 18 декември 1470 година. Семејството Мјелечки со градот управувало до 1771 година, кога починал последниот нивен наследник. Во текот на нивното владеење значително се развило занаетчиството. Во 1522 година било основано еснафскиот принцип на работа од страна на ковачите.
По крајот на управувањето на семејството Мјелечки, со градот управувале семејствата Осолински и Морстин.
Во 1853 година, во округот градот имало 106 населени места и 91 општини. Во 1892 година, улицата „Кошќушко“ била изградена касарна. Развојот на градот било прекинато од еден огромен пожар, кој уништил три четвртини од градот. Оваа катастрофа предизвикала населението да аплицире за заем од државата. До почетокот на 20 век, главниот пазар во градот бил опкружен со објекти од тула. Во 1902 година била изградена Судска палата, во 1912 - гимназија и зграда на окружниот совет.
Првата светска војна предизвикала многу штета на инфраструктурата и економијата на градот и округот. Во меѓувоениот период, многу улици биле поплочени со калдрмата. Покрај тоа биле воспоставени разни занаетчиски работилници и мали бизниси. Во 1934 година, регионот претрпел огромни поплави кои уништиле повеќе од 11.000 домаќинства.
Економски градот е еден од најразвиените во регионот, што довело до значително зголемување на бројот на неговите жители. Во 1930 година Полска се фокусирала во значително проширување на индустријата за оружје градејќи фабрики во новите индустриски зони. Во 1936 година била основана фабриката за производство на авиони Киранка. Фабриката започнала со производство на P-37. Во периодот 1937-1939 година била формирана компанијата PLZ.
По избувнувањето на Втората светска војна, градот и компанијата за авиони паднале во рацете на германските окупатори. Периодот на германската окупација траел од 9 септември 1939 до 6 август 1944 година. Во годините 1939-1944, фабриката произведувала германски бомбардери, а од 1943 година и борбен авион He–297. Во фабриката работеле затвореници. во почетокот еврејското население од градот било затворено во фабриката, но во 1942 година било депортирано во логорите на смртта, освен еден мал број кој останал на работа во фабриката за авиони. Пред војната, еврејското население на Мјелец броело 2.800 лица од вкупно 5.500 жители.
По завршувањето на војната, во фабриката бил поставен споменик во знак на сеќавање на жртвите од Холокаустот. Денеска масовна гробница од погубеното еврејско население се наоѓа во еден агол од градските гробишта. По 1945 година, фабриката станала најголема за производство на авиони под името PZL Mielec. Компанијата станала главен извор за вработување на населението од градот и околината.
По 1989 година и економските промени како резултат на падот на комунизмот, фабриката се соочила со сериозни финансиски тешкотии. Таа продолжила со производство на авиони, но во многу помал обем отколку во текот на Студената војна. Ситуацијата се променила во 1995 година кога била основана прва економска зона во градот. Во 1998 година фабриката за воздухопловство го променила своето име. Во 2007 година фабриката била купена од страна на Сикорски, и било планирано да местото да биде главно во производство на хеликоптерот Sikorsky UH-60 Black Hawk[2]. Исто така, од 2005 година во Мјелец се произведува и луксизниот автомобил Leopard 6 Litre Roadster[3][4].
Градот се наоѓа во историскиот регион Мала Полска. Сместен е крај десниот брег на реката Вислок во географскиот макрорегион Сандомешка котлина.
Според податоци од Полската централна статистичка служба, на 1 јануари 2014 година населението на градот изнесувало 61.096 лица. Густината на населението била 1.303 лица на квадратен метар.
Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
1950 | 9.205 | — |
1960 | 22.132 | +140.4% |
1970 | 27.000 | +22.0% |
1980 | 43.143 | +59.8% |
1990 | 61.847 | +43.4% |
2000 | 64.246 | +3.9% |
2010 | 60.743 | −5.5% |
Извор: Полска централна статистичка служба:
|
Градот економски се развива во најголем степен благодарение на фабриката PZL Mielec. Во градот била основана првата специјална економска зона во Полска уште во 1995 година[5] и има позитивно влијание врз економијата на градот[5].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.