From Wikipedia, the free encyclopedia
Муцио Клементи (италијански: Muzio Clementi; 24 јануари 1752 - 10 март 1830 ) — англиски класицистички композитор (родум од Италија), првиот кој компонирал конкретно за пијано. Најпознато дело му е збирката на студии за пијано „Скали кон Парнас“ (Gradus ad Parnassum).
Муцио Клементи Muzio Clementi | |
---|---|
Животописни податоци | |
Роден(а) | 24 јануари 1752 Рим, Папска Држава |
Починал(а) | 10 март 1830 Ившам, Обединето Кралство |
Жанрови | Класицизам, Романтизам |
Занимања | Композитор пијанист учител |
Инструменти | Пијано |
Муцио Клементи е роден во Рим на 24 јануари 1752 г. како прво од седумте деца на Николо Клементи (1720–89), кујунџија, и Магдалена (мом. Кајзер). Неговиот музички талент бил јасен уште на рана возраст: веќе на 13 години станал оргулар на црквата Св. Лоренцо во Дамазо.
Во 1766 г., Питер Бекфорд (1740-1811), богат англичанец, братучед на ексцентрикот Вилијам Бекфорд, се заинтересирал за талентираното момче, и направил договор со Николо да го пушти сина си да живее на неговиот посед Стиплтон Ајверн, веднаш северно од Блендфорд Форум во Дорсет, Англија — каде Бекфорд се согласил да плаќа за музичкото образование на Муцио секое тримесечје. За ворзврат, момчето требало да свири во куќата. Тука Муцио минал седум години, во посветено изучување на музиката и вежби на чембало. Меѓутоа неговите композиции од овој период се малку на број, и речиси сите повеќе не опстојуваат.
Во 1770 г. Клементи ја дава својата прва јавна изведба како оргулар. Публиката била длабоко импресионирана од неговата изведба, така започнувајќи ја една од најуспешните пијанистички кариери во историјата. Во 1774 г. Клементи бил ослободен од неговите обврски кон Питер Бекфорд, па се преселил во Лондон, каде меѓу многуте негови успеси неколкупати изведувал јавно како чембалист на добротворни концерти за пејач и харфист, а бил и диригент од клавијатурата во Кралевиот Театар, Хејмаркет. Неговата популарност пораснала во 1779 и 1780, барем делумно заради неговата новоиздадена збирка сонати „Опус 2“. Потоа неговата слава и популарност расте уште повеќе, и во многу музички кругови бил сметан за најголемиот виртуоз на пијано во светот.
Клементи започнал турнеја по Европа во 1781 г., каде патувал во Франција, Германија и Австрија. Во Виена, Клементи се договорил со царот Јозеф II на музички двобој со Волфганг Амадеус Моцарт како забава за него и неговите гости. Секој од композиторите бил повикан да избере и импровизира од сопствените композиции. Двајцата композитори биле толку способни, што царот тој ден морал да прогласи нерешен резултат на виенскиот двор на 24 декември 1781 г.
На 12 јануари 1782 г. Моцарт му напишал на татка си:
„Клементи свири добро, што се однесува до изведбата со десна рака. Најсилен е на премини и третини. Освен тоа, нема пет пари вкус или чувство - накратко тој е вистински автомат.“
Во подоцнежно писмо, Моцарт дури и се изјаснува: „Клементи е шарлатан, како и сите италијанци. Бележи дело со престо, а свири само алегро.“ За разлика од ова, Клементи бил позитивно импресиониран од Моцарт.
Меѓутоа главниот мотив во Клементиевата соната во Х-дур, го фасцинирал Моцарт. По десет години, во 1792 г., Моцарт го искористил мотивот во увертирата на неговата опера „Волшебната флејта“. На ова Клементи толку негодувал што при секое издавање на таа соната, ставал белешка дека композицијата е создадена десет години пред Моцарт да започне со „Волшебната флејта“.
Веројатна причина за нездавањето на подоцнежните дела е тоа што Клементи сето време ги менувал и дотерувал. Започнувајчи од 1782 г., па низ следните 20 години, Клементи живеел во Англија, работејќи како пијанист, диригент и учител. Двајца негови студенти станале прилично славни: Јохан Баптист Крамер и Џон Филд (кој пак станал главна инспирација за Фредерик Шопен).
Клеенти почнал и да произведува пијана, но во 1807 фабриката ја урива пожар. Истата година Клементи склучил договор со Лудвиг ван Бетовен, еден од неговте најголеми обожаватели, кој му дал полни издавачки права на сета Бетовенова музика. Неговиот углед во музичката историја како уредник и толкувач на Бетовеновата музика е сигурно не помала од неговиот углед како композитор (но бил и критукуван за хармонични „исправки“ во некои Бетовенови дела). Фактот што во својот подоцнежен живот Бетовен почнал да компонира (главно камерна музика) специјално за британскиот пазар е можеби поврзан со фактот што неговиот издавач живеел таму.
Во 1810 Клементи прекинал со концерти и се посветил само на композиција и изработување на пијана. На 24 јануари 1813 во Лондон, Клементи се здружил со други музичари и го основал Филхармониското друштво на Лондон, кое станало Кралско филхармониско друштво во 1912 г.
Во 1830 Клементи се преселил вон Личфилд и ги провел неговите последни, помалку возбудливи години во Ившам. Починал на 10 март 1830. Бил погребан во Вестминстерската опатија. Се имал женето трипати.
Клементи е најпознат по својата збирка на студии за пијано наречена „Скали кон Парнас“ (Gradus ad Parnassum). Како и ова, така и неговите сонатини се задолжителни за секој ученик на пијано.
Клементи искомпонирал речиси 110 пијано сонати. Некои од пораните и полесните од нив биле пдоцна преиздадени како сонатини, по успехот на неговите Сонатини Оп. 36, и истите и денес се популарни вежбовни композиции во учењето на пијано. Неговите сонати ретко се изведуваат на јавни концерти, највеќе бидејќи се сметаат за непредизвикувачки образовни дела. Некои од неговите сонати се потешки за свирење од сонатите на Моцарт, кој ѝ пишал на сестра си дека претпочита да не ги свири сонатите на Клементи заради нивните скокови, широките протегања и акорди, кои тој сметал дека може да предизвикаат повреди.
Освен за соло пијано, Клементи компонирал и многубројни други дела, меѓу кои и неколку симфонии. Додека неговта музика речиси и не се слуша на концерти, таа станува сѐ повеќе популарна за снимки.
Рускиот пијанист Владимир Хоровиц развил посебна наклонетост кон делата на Клементи откако жена му, Ванда Тосканини, му купила целосна збирка на сите негови дела. Хоровиц ги споредувал некои од овие дела со најдобрите Бетовенови дела. Враќањето на угледот на Клементи како уметник се должи во немала мера токму на Хоровиц.
Со тоа што бил современик на најголемите класицисти како Моцарт и Бетовен, тие во голема мера ги засениле неговите дела, и покрај неговата огромна важност за музиката за пијано и развојот на сонатната форма.
Во изведба на Натан Екел. Со дозвола од Musopen Во изведба на Натан Екел. Со дозвола од Musopen Во изведба на Натан Екел. Со дозвола од Musopen | |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.