From Wikipedia, the free encyclopedia
Мускулниот систем е органски систем кој ги сочинува сите мускули во телото. Тој го претставува активниот дел од системот за движење, покрај скелетот, кој е пасивен дел од овој систем.
Мускулното ткиво е изградено од мускулни клетки со чија сообразена работа се овозможува движењето на одделни делови или на целото тело на човекот. Мускулните клетки што ги градат мускулните ткива, кои според своите особини, може да се поделат на следниот начин:
Следните две групи мускулно ткиво создаваат конракции што не зависат од нашата волја, поради што се нарекуваат несвесни (неволеви) мускули.
Такви се:
Мускулно ткиво, слично како и нервното, може да се самообновува, но тоа не го прави секогаш, туку само тогаш кога е потрено, најчесто при повреди.[1]
Кога се гледа под микроскоп, посебните скелетни мускулни клетки се долги и кончести, поради што често се нарекуваат и мускулни влакна. Овие клетки во својата цитоплазма имаат повеќе јадра, односно се многујадрени. Поради присуството на бразди (пруги) тие добиваат и таков изглед, па затоа скелетниот мускул исто така се нарекува напречно-пругав мускул. Напречнопругавото мускулно влакно е издолжена клетка со цилиндричен изглед, долга и до неколку милиметри, па и сантиметри, со пречник од 500 микрони. При создавањето на мускулите, мускулните влакна се собираат во снопови, што се поврзуваат меѓу себе со сврзливо ткиво. Во секој мускул има крвни садови и нерви.
Во составот на мускулите влегуваат истите составни делови, што постојат и во другите ткива, но во различен сооднос. Процентуалниот состав на мускулното ткиво е даден во табелата:
Материја | % |
---|---|
Вода | 72,5-75,0 |
Суви материи | 25-27,5 |
Неоргански соли | 1,0 |
Растворливи органски материи | 3-5 |
Белковини | 18-20 |
Масти | 3-5 |
Јаглехидрати | 0,5-1,5 |
Во мускулите се наоѓаат и трите основни видови органски соединенија. Така, од шеќерната компонента во составот на мускулитe има гликоген (2,5-1,5%), а малку гликоза.
Липидите во мускулите можат да се поделат на липиди на мускулна клетка и неутрални масти што се складираат меѓу мускулните влакна, чие количество зависи од дебелината.
Во мускулите има голем број белковини што се растоврливи или нерастворливи во мускулната цитоплазма. Особено значење за фунцкионирањето на мускулните клетки имаат белковините што се носители на мускулната контракција:
Освен овие во мускулните клетки постојат и други белковини што имаат специфични финцкии во текот на мускулната активност. Такви се тропомнозинот, тропонинот и други.
Во мускулите има и непротеински азотни материи, како што се АТФ, АДФ, креатин фосфат и др. АТФ и креатин фосфат се фосфорни соединенија богати со енергија со чие разградување се ослободува неопходна енергија за мускулната контракција.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.